Граѓанска платформа на Македонија
Регионални НВО саеми во Струмица и Гостивар
Јавна расправа за предлог
Стратегија за соработка со граѓанскиот сектор
Промовиран Адресарот на општините во Република Македонија
Голем е јазот помеѓу Скопје, урбаните и руралните општини
НВО “Цивил” и граѓаните заедно
За побезбедна Стара чаршија
Меѓународен ден на човековите права
Искоренувањето на сиромаштијата е човеково право
Борба против организираниот криминал
Право според стандардите на ЕУ
На крајот на 2006 година
ОХЦХР ја затвори канцеларијата во Македонија
Нова мрежа на ГО од културата
Наследството на Југоисточна Европа
Фондацијата “е-Македонија” додели награди
Граѓански организации и институции добија 74.109 евра
Фондација “Метаморфозис”
Одржана втората меѓународна конференција “е-Општество.МК”
Форуми на заедниците
Заеднички во решавањето на проблемите
календар
27 јануари: Да се запомни Холокаустот
Босна и Херцеговина
Истражување за улогата на НВО во предизборниот период
Во втората половина на ноември, 2006 година, Агенцијата за локални развојни иницијативи, поради потребата од идентификација на перцепцијата на граѓаните за активностите на граѓанското општество во процесот на креирање на јавните политики, спроведе истражување на јавното мислење за „Резултатите на активностите на граѓанските движења формирани во претходниот период од перспективата на граѓаните”.
Хрватска
Сузбивање на политичката корупција
Транспаренси интернационал Хрватска реагираше по повод предлог-законот за финансирање на политичките партии, кој пред извесно време влезе во собраниска процедура. Во ТИХ сметаат дека законот претставува голем чекор во создавање правна рамка за сузбивање на корупцијата, но дека постоечкиот нацрт има огромен недостаток: нерегулирање на финансирањето на изборните реклами.
Црна Гора
Се бара вклучување поголем број жени во идната влада
Грција - Македонија
Соседска програма
Кампања
Ставете крај на насилството – нека биде минато
Коментар
Соработка и конфронтација
Во моментот кога овој број Граѓански свет ќе биде во рацете на читателите, Македонија ќе има Стратегија за односите со граѓанскиот сектор 2007-2011. Ова стратегија треба да ја донесе Владата на седницата на 26 декември 2006 година. Со тоа граѓанското општество во Македонија ќе добие највпечатлива владина посветеност на граѓанскиот сектор во историјата.
Искуствата од Унгарија и од Данска
КАКО СОРАБОТУВА ВЛАДАТА СО ГРАЃАНСКИОТ СЕКТОР
Додека финишираат работите на владината Стратегија за соработка со граѓанскиот сектор, претставници на Работната група на проектот “Техничка поддршка на Одделението за граѓанско општество во Владата на Република Македонија”, во периодот од 21 до 26 ноември и од 2 до 10 декември 2006 година, беа дел од две студиски посети во Будимпешта, Унгарија и во Копенхаген, Данска.
ООН – Меѓународна стратегија за намалување на штетите од катастрофи
Да не се повтори божиќното цунами од 2004
Катастрофата којашто ја предизвикаа брановите цунами во Индискиот Океан на 26 декември 2004 година, и оваа година ќе биде меморијално одбележена во многу земји во светот. Катастрофата поттикна низа акции во кои голем придонес дадоа граѓанските организации – почнувајќи од големите, како Црвениот крст и Црвената полумесечина, па с$ до помалите, локални и меѓународни.
концепти
ПОЗНАВАЊЕ И СТАВОВИ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ
Граѓански свет во бројот 64 ја започна презентацијата на делови од публикацијата Довербата, одговорноста за општествените прашања и добротворството во Македонија што ја издаде Македонскиот центар за меѓународна соработка. Публикацијата е всушност извештај направен на основа на две анкети и резултати од четири фокус групи. Анкетите и фокус групите ги спроведе Институтот за социолошки и политичко правни истражувања. Публикацијата во пдф формат е достапна на www.mcms.org.mk. 
Избор
Светскиот фонд за дива природа алармира Ја јадеме Земјата
Крајно време е да донесеме решенија од животна важност, кои ќе ни овозможат да продолжиме да уживаме во нашиот живот на Земјата. Треба да го спречиме одот кон пропаста. Треба да сфатиме дека со неразумното искористување, на идните поколенија ќе им оставиме една земја на која едвај ќе преживуваат
Анкета
Граѓанскиот сектор не гледа на јавноста како на потенцијален извор на финансии
Седумдесет отсто од граѓаните на Македонија донирале барем еднаш за потребите на заедницата, најчесто како помош за поединци, а дека македонската сиромаштија не е пречка за македонската филантропија, покажува и податокот според којшто само 42 отсто од анкетираните го наведуваат недостатокот на финансии како причина за недонирање во хуманитарни цели.
интервју: Исмаил Бојда, претседател на Сојузот на Македонците со исламска религија
ГОРАНИТЕ НЕ СЕ ПОСЕБЕН ЕТНОС, ТИЕ СЕ МАКЕДОНЦИ СО ИСЛАМСКА РЕЛИГИЈА
Во почетокот на ноември Сојузот на Македонците со исламска религија поднесе до Владата иницијатива за донесување декларација за положбата и правата на Македонците од областа Гора. Ова беше повод да поразговараме со г. Исмаил Бојда, претседател на Сојузот 
претставување
Актив на жените Ромки “Преродба” - Кичево
Активот на жените Ромки „Преродба” од Кичево е граѓанска организација формирана во 2002 година, од група жени и млади Роми, која работи на вклучување на поголем број млади Роми во граѓанскиот сектор. Работи на давање помош на жени и деца во разрешување на постоечките проблеми, на унапредување на здравјето и животната средина, на подигање на степенот на образованието, како и на намалување на малолетничките бракови.
погледи: Гоце Стојановски
ГРАЃАНСКИОТ СЕКТОР ЧЕКОР НАПРЕД ПРЕД ВЛАСТА И ПОЛИТИКАТА
Многу граѓански организации од земјата се стекнаа со меѓународен рајтинг и реноме кои треба и понатаму да се унапредуваат, а не заради субјективни слабости да се ослабнуваат нивните позици на меѓународен план, а со тоа, и Македонија да губи
Атрактивниот базар на ракотворби во Чифте-амам
Моќта на креативноста ја исполни старата бања
Во Чифте-амам, во Старата скопска чаршија, 65 ракотворци од земјава, организирани од страна на Македонската трговска артисанска организација – МАТА, од 8 до 10 декември ги продаваа своите производи на веќе традиционалниот базар на ракотворби. Базарот го поддржаа неколку приватни фирми, но и Градот Скопје и УНХЦР, а на преполните тезги се продаваа прекрасни, впечатливи и вредни парчиња филигран,
Прва Балканска конференција за машинските кругови
НОВ ПОЧЕТОК ЗА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ОД БАЛКАНОТ
На Првата Балканска конференција за машински кругови што се одржа на 19 и 20 октомври 2006 година во Пробиштип се собраа експерти од земјите на Западен Балкан и ги поделија своите искуства. На конференцијата присуствуваа претставници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, на Проектот за поддршка на фармерските асоцијации на Република Македонија (СФАРМ), на ИФАД 2, на ГТЗ-МАФП, како и претставници на машинските кругови од Словенија, од Хрватска, од Босна и Херцеговина, од Србија и од Унгарија.