Црна Гора

Се бара вклучување поголем број жени во идната влада

Центарот за граѓанско образование (ЦГО) соопшти дека е загрижен поради фактот што во новата црногорска влада ќе  има само една жена. Најавата за ваков состав на владата не придонесува кон изградба на демократско отворено општество, кое се стреми кон ЕУ и стандардите коишто ги поставува таа, е наведено во соопштението на организацијата.ЦГО, додавајќи дека со тоа жените практично се исклучуваат од највисоките нивоа на одлучување во Црна Гора, како и дека на овој начин се испраќаат обесхрабрувачки пораки кон значителен дел на црногорското општество, но и кон меѓународната јавност, пред која повторно се покажува дека прокламираната реформа на општеството е само дел на дневнополитичката реторика.

Г.Ш. извор: онењорлд