Фондацијата “е-Македонија” додели награди
Граѓански организации и институции добија 74.109 евра
„Агроцентар за едукација” - Скопје, Работничкиот универзитет „Неготино”, Првата детска амбасада во светот Меѓаши - Скопје, Центарот за компјутерски услуги и промет „АЛГОРИТАМ” - Скопје, Организацијата на жените на општината Свети Николе, Центарот за ромска заедница „ДРОМ” од Куманово, АИСЕК - Прилеп, Граѓанскиот креативен центар КРЕА од Радовиш, Државното училиште за рехабилитација на децата и младинците со оштетен вид „Димитар Влахов” од Скопје, Здружението на граѓаните ЈУНОНА - Скопје и Спелолошката федерација на Македонија, се граѓанските здруженија и институции кои годинава ги добија грантовите од Фондацијата „е-Македонија” за поддршка и развој на информатичкото општество, наменети за спроведување на поднесените проекти, на отворениот годинешен конкурс на кој бројот на пријавените изнесувал 34 проекти. Висината на доделените средства е 74.109 евра.
Претставниците на Фондацијата „е-Македонија” во оваа прилика потенцираа дека интересот за пријавување од година во година расте, но и дека проектите се фокусирани на користење на информатичката технологија и нејзиното доближување до децата, до децата со посебни потреби, невработените, образовниот кадар и етничките малцинства. Фондацијата и во 2007 година ќе промовира нова програма за поддршка на информатичкото општество.
К.Б.
|