Коментар

Соработка и конфронтација
 

Во моментот кога овој број Граѓански свет ќе биде во рацете на читателите, Македонија ќе има Стратегија за односите со граѓанскиот сектор 2007-2011. Ова стратегија треба да ја донесе Владата на седницата на 26 декември 2006 година. Со тоа граѓанското општество во Македонија ќе добие највпечатлива владина посветеност на граѓанскиот сектор во историјата.

Стратегијата содржи цели и мерки за подобрување на околината, пред с$ на правната и даночната рамка и подобрување на односите, комуникацијата и партиципацијата во јавните политики. Стратегијата е проследена со акциски план, што гарантира спроведување. Гаранција е и посветеноста на Владата, пред с$ на Генералниот секретаријат. И уште повеќе, намерите од Стратегијата веќе се преточени во предлозите за закони за данок на добивка и за персонален данок, а во подготовка е и закон за волонтерството.

И покрај ваквиот напредок, видлива е меѓусебната недоверба.

Владата, пред с$ ВМРО-ДПМНЕ, с$ уште го доживува граѓанскиот сектор како „левичарски” и противнички и избегнува комуникација со битни и релевантни организации. Граѓанскиот сектор е на штрек поради сомнежот за заткулисни игри и улоги на Владата во збиднувањата во некои организации, како на пример Транспарентност Македонија.

Дали е можно надминувањето на оваа недоверба? Дали може да се градат односи на соработка на прашањата на кои има согласност (развој на граѓанското општество, образование и сл.)? А да се конфронтираме на прашања каде се разликуваме (мешањето на Владата внатре во организации)? Успехот во таа насока, да ги препознаеме заедничките интереси и признаеме разликите, е битен предизвик за двете страни, и за Владата и за граѓанскиот сектор.

Нека 2007 година биде година во која заедно ќе се обидеме.

Среќни празници!

 

Сашо Клековски