ООН – Меѓународна стратегија за намалување на штетите од катастрофи

Да не се повтори божиќното цунами од 2004

Катастрофата којашто ја предизвикаа брановите цунами во Индискиот Океан на 26 декември 2004 година, и оваа година ќе биде меморијално одбележена во многу земји во светот. Катастрофата поттикна низа акции во кои голем придонес дадоа граѓанските организации – почнувајќи од големите, како Црвениот крст и Црвената полумесечина, па с$ до помалите, локални и меѓународни.

Итноста за создавање систем за навремено предупредување за претстојните катастрофи, што беше трагично потврдена по ударот на брановите цунами, поттикна креирање Платформа за меѓународна стратегија за намалување на штетите од катастрофи, под покровителство на Организацијата на Обединетите нации. Оваа платформа на ООН ја иницира Мултипартнерската и мултидонаторската иницијатива наречена „Евалуација и зајакнување на системите на навремено предупредување во земјите погодени од брановите цунами во декември 2004”. Платформата на ООН е со седиште во Бон, Германија, а нејзината цел е да ја поддржува работата на владините и невладините тела во регионот. Повеќе информации за Платформата и за нејзината работа може да се најдат на веб-страницата: хттп://њњњ.унисдр.орг/ппењ/.

М.И.