календар

27 јануари: Да се запомни Холокаустот

Овој датум е прогласен од Европската Унија за ден за помнење на Холокаустот и жртвите што ги предизвика и за ден за превенција на злосторствата над човештвото. Да не се заборави, за да не се повтори!

 

2 февруари: Ден на водните станишта

Вториот ден во вториот месец во годината е ден кога треба да се потсетиме на важноста на водните станишта како екосистеми кои се клучни во синџирот на животот. Многу видови птици, риби, желки, трски и друг жив свет зависат од нивниот опстанок.