На крајот на 2006 година
ОХЦХР ја затвори канцеларијата во Македонија
Канцеларијата на ОХЦХР заврши со имплементацијата на проектот за техничка соработка и престана со работа во Македонија. Од 2002 година проектот го поддржуваше јакнењето на домашните капацитети за известување до меѓународните тела за човековите права, вклучувањето на човековите права во училишниот систем и јакнењето на граѓанското општество на полето на човековите права.
За најважни достигнувања на Канцеларијата се сметаат иницирањето национален процес за изготвување акциски план за вклучување на образованието за човековите права во училишниот систем, воспоставувањето и функционирањето на МИНОП (работно-советодавна група за јакнење на соработката помеѓу полицијата и граѓанскиот сектор), создавањето јадро од кое се формира група на бранители на човековите права, како и поднесувањето на сите задоцнети државни извештаи до телата на ООН за човековите права.
„Додека проектните активности престануваат, ОХЦХР има намера и понатаму да ги поддржува тимот на ООН во Македонија и домашните партнери, во нивните напори за јакнење на заштитата на човековите права, преку позицијата на советник за човековите права кој/а ќе биде дел од Канцеларијата на Постојаниот координатор на ООН од почетокот на 2007 година” - изјави Сивла Пешиќ.
К.Б.
|