Нова мрежа на ГО од културата
Наследството на Југоисточна Европа
Петнаесетина граѓански организации од регионот на Југоисточна Европа ќе ја сочинуваат мрежата за заштита на културното наследство од овој регион. Мрежата, наречена ЈИЕ наследство СЕЕ херитиџ (СЕЕ херитаге), беше иницирана на средбата во Сараево, Босна и Херцеговина, во септември 2006 г., а оформена на втората средба во Џирокастро, Албанија, во декември 2006 година.
Од Македонија, во оваа неформална мрежа учествуваат Фондацијата Институт отворено општество – Македонија и Македонското истражувачко друштво (МИД) од Скопје. Формирањето на мрежата беше иницирано од граѓанската организација Културно наследство без граници од Шведска, со чија поддршка и се организираа двете средби во Босна и Херцеговина и во Албанија. Целта на мрежата е да разменува искуства и знаења, како и да претставува платформа за одржлив пристап кон културното наследство, негова промоција и заштита.
М.И.
|
|