Форуми на заедниците

Заеднички во решавањето на проблемите

Во општините Ѓорче Петров, Прилеп и Кичево се одржаа граѓански форуми, на кои жителите и градската администрација разговараа за  проблемите со кои се среќаваат во животот во своите заедници. Заеднички се одлучи дека урбан развој и подобрување на локалната инфраструктура е приоритена потреба во овие општини. Граѓаните понудија идеи, знаења и вештини, за решавање на овие проблеми.
На форумите учествуваа повеќе од сто граѓани. Форумските дискусии ќе продолжат наредните четири месеци. Форумите се дел од програмата „Форуми во заедниците”. Програмата е финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка, а ја спроведуваат Фондацијата Институт отворено општество – Македонија и Центарот за институционален развој –ЦИРа, во соработка со општините Ѓорче Петров, Прилеп и Кичево. Програмата има цел да го поттикне и организира јавното учество во решавањето на проблемите на заедниците. Освен тоа, во текот на 2007 година општините ќе добијат и средства за решавање на проблемите – секоја општина ќе добие по 120.000 евра обезбедени од Швајцарската агенција за соработка и развој. Со дополнителни 25% ќе учествува општината, а со 15% изведувачите на проектот.

М.И.