Грција - Македонија
Соседска програма

До 21 февруари 2007 година е отворена можноста за аплицирање на  отворената Соседска програма: Грција - Македонија. Кандидатите кои можат да аплицираат за оваа поддршка на КАРДС се: оператори од граѓанскиот сектор, локални власти, јавни тела, универзитети и истражувачки институти, стопански комори, синдикати, општини и заедници од следните дефинирани гранични региони: Еврорегиони; регионални и професионални асоцијации, општински организации за стопанисување со вода и смет од соодветниот регион – меѓуопштински организации за стопанисување со вода и смет, невладини организации.

За повеќе информации, погледнете го Пакетот за аплицирање или посетете ја ЕАР. 

 

ЕУ
Поддршка на развојот на граѓанското општество

Претставниците на невладиниот сектор и на Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија, на средбата одржана на 30 ноември во Скопје, дискутираа по повод нацрт-стратегијата за соработка со граѓанскиот сектор. Стратегијата, изработена од страна на локални и меѓународни експерти, во тесна соработка со персоналот од Одделението за граѓанско општество и други експерти од Генералниот секретаријат, неколку министри и државни институции, како и граѓански организации, е дел од техничката помош за проектот во висина од 500.000 евра, обезбедена од ЕУ, а управувана од страна на Европската агенција за реконструкција – ЕАР.

За повеќе информации, посете ја страницата на ЕАР.

 

ЕУ
Мандатот на ЕАР продолжен до 2008 година

Советот на министрите на Европската Унија го продолжи мандатот на Европската агенција за реконструкција за уште две години, до 31 декември 2008 година. Со одлуката е овозможено Агенцијата да продолжи со спроведување на програмите во рамките на помошта на Европската Унија за реконструкција, развој и стабилизација (програмата КАРДС), која завршува во 2006 година. Преостанатиот дел на помошта на Европската Унија на основа на програмата КАРДС што би требало да се искористи во текот на следните две години изнесува околу 680 милиони евра.

ЕАР раководи со програми за помош на Европската Унија во Македонија, во Србија, во Косово и во Црна Гора. Агенцијата низ четирите оперативни центри управува со програмите за помош во вредност од 2,8 милијарди евра од фондовите на Европската унија. Од тие фондови, 2,4 милијарди или 83% се веќе договорени, а 2,1 милијарди или 75% се веќе платени.

 

Регионални грантови
Поддршка на проектот – СЕКТОР

Програмата за регионални грантови на Регионалниот центар за заштита на животната средина - РЕЦ  е изготвена со цел да поддржи регионални проекти за соработка на полето на заштита на животната средина. Грантовите ќе бидат во висина од 35 до 50 илјади евра за проект, односно со вкупна вредност од 200 илјади евра достапни за секое барање.

Проектите вклучуваат заедничка работа на НВО од различни земји на прашања поврзани со прекугранична соработка, односно заштита на животната средина на регионално ниво. Предвидени се две регионални барања за време на рамковниот период на програмата. За повеќе информации, контактирајте со Регионалниот центар за заштита на животната средина за Централна и Источна Европа, на адресата: Регионал Енвиронментал Центре фор Централ анд Еастерн Еуропе; 2000 Сзентендре, Адѕ Ендре uт 9-11, Хунгарѕ; тел.: (36-26) 504-000, факс: (36-26) 311-294, или посетете ја нивната веб-страница: www.rec.org.