Кампања
Ставете крај на насилството – нека биде минато

За време на шестнаесетдневниот активизам против насилството базирано на половите разлики, организацијата „Акција здруженска” ја организира кампањата „Ставете крај на насилството – нека биде минато”.

Кампањата има за цел да промовира проактивен пристап кон жртвите на семејното насилство од страна центрите за социјална помош, полициските станици и невладините организации од Скопје, од Битола, од Охрид, од Штип, од Тетово, од Струмица, од Велес и од Куманово. Имајќи ја предвид таа цел, активистите ќе дистрибуираат картички со кратки информации за семејното насилство и листа на достапни системи за заштита на места каде има поголема фреквенција на граѓани.

За повеќе информации, посетете ја Оне Њорлд СЕЕ.

 

Заедничка надеж
Членство во НАТО во 2008 година

На 20 ноември 2006 г., хрватскиот премиер Иво Санадер и неговиот гостин, премиерот на РМ, Никола Груевски, уште еднаш ја изразија заедничката надеж на нивните земји за членство во НАТО во 2008 година.

Двајцата премиери потврдија дека од следниот самит во Рига очекуваат јасна порака во врска со евентуалната покана за членство. При својата посета, Груевски се фокусира на економската соработка и на преговорите за членство во ЕУ. Македонскиот министер за надворешни работи, Антонио Милошоски, пак, се сретна со комесарот на ЕУ за проширување, Оли Рен, во Брисел. Рен рече дека ја нагласил потребата за продолжување на реформите во Македонија, особено во судството и во борбата против корупцијата и криминалот, доколку Македонија сака да добие датум за започнување на преговорите за членство.

За повеќе информации, посетете ја СЕЕ Тимес.

 

Светот во 2006 година
Во конфликтите и безредијата убиени 94 новинари

Во текот на 2006 година во конфликтните зони и безредијата во светот беа убиени 94 новинари, со што оваа година се смета за најсмртоносна, откако постои таквата статистика, соопшти организацијата за заштита на новинарите Прес емблем кампањ (ПЕЦ).

Најмногу новинари, 48 од нив, загинале во Ирак што се смета за двојно поголема бројка од 2005 година. Организацијата исто така укажува дека не постои друг конфликт по Втората светска војна, во кој биле убиени повеќе претставници на медиумите.

Во Мексико во 2006 година се убиени 8 новинари, во Русија, во Шри Ланка и во Филипините загинале по четворица, додека пак во Пакистан и во Колумбија по тројца. По овие земји следуваат Кина, Индија, Ангола и Либан, каде се убиени по двајца новинари, како и Еквадор, Венецуела, Сомалија, ДР Конго, Судан и Бразил со по еден.

Се смета дека во целост бројот на жртвите е зголемен за 38 проценти во однос на 2005 година, кога загинале 68 новинари, камермани, тонци, техничари и фотографии. Според ПЕЦ, во тој број не влегуваат претставници на обезбедувањето, припадници на силите за безбедност, возачи и преведувачи.

„Од почетокот на војната во Ирак загинале 103  новинари додека ги извршувале на нивните работни задачи”, се подвлекува од ПЕЦ, организација што се бори за засилени мерки за безбедност на новинарите и настојува во таа сфера да биде склучена и специјална меѓународна конвенција.

К.Б.