Коментар
Заедно за едноВлеговме во Новата година, и место да почнат да ни се исполнуваат убавите желби, се случи голема несреќа. Цунамито одзеде многу човечки животи. Тага насекаде, а доброто во нас се покажа на дело. Низ целиот свет започна да се прибира помош за настраданите. |  |
Организациски промени (2)
Интервенирање во културата на организациитеФактот дека постои потреба од промена не мора неопходно да значи дека процесот на промената е исто така успешно инициран. Една организација може да продолжи да работи по старо дури и кога персоналот и менаџментот ќе знаат дека тоа е неефикасно. |  |
репортажа: ЅВЕГОРСКА СУРВА
Црни во лицата, светли во срцатаНа 14 јануари во Ѕвегор сите беа црни во лицата, весели и насмеани. Намаше ниту еден неизгаравен, зошто црното врз лицето значи среќа, бркање на лошите духови, здравје и богатство во новата година. Дури и возачите на големите скании, туристите со скии на покривите од автомобилите и другите кои мораа да поминат низ Ѕвегор на влез или излез во насоката Македонија-Бугарија, |  |
Брент Канингам, одговорен уредник на “Колумбија џурнализам ривју” и предавач на Факултетот за новинарство на Универзитетот Колумбија во САД
Најсилни новинарски орудија се правилното известување и критичкото мислење“Во новинарството е многу тешко однапред да се знае каков ефект ќе има она што ќе го напишеме. И кога зборуваме за главните проблеми во американското новинарство денес, ние често имаме чувство дека се бориме со ветерници”, вели Брент Канингам, одговорен уредник во магазинот “Колумбија џурнализам ривју” и предавач на Факултетот за новинарство на Универзитетот Колумбија во САД |  |
Организација на жените Турчинки во Македонија - ДЕРЈА
Интеграција на жените во сите општествени тековиОрганизацијата на жените Турчинки во Република Македонија ОЖТМ-ДЕРЈА е граѓанска, мултикултурна, непрофитна организација, основана во Скопје во 1999 година, со цел извршување активности во рамките на локалната самоуправа. Во организацијата членуваат 300 волонтерки со различна религиозна и етничка припадност, а од нив 20 се активни. Организацијата е отворена за соработка со исти или слични организации од Македонија и од странство. |  |
Форум
Колку солидарноста е составен дел од секојдневната професионална работа и од работата на граѓанските организацииРесоцијализацијата како крајна цел и посакуван продукт од рехабилитацијата го отсликува професионалниот пристап, работата и однесувањето на терапевтот кон пациентот. Во самиот пристап на вредности кои се од витален интерес за поединецот и општеството во целина, физиотерапевтот и работниот терапевт го креираат рехабилитацискиот план и програм којшто мора да биде успешен и функционален. Контактот со пациентите е професионален и јасен со сиот респект на нивните позитивности и недостатоци. Разбирањето и почитувањето на приватноста и достоинството се нишка којашто го врзува пациентот за терапевтот. |  |
Донатори
И Македонија донираше за настраданите од цунами брановитеМакедонските граѓани ја покажаа својата хуманост на дело на почетокот на 2005 година, организирајќи се во собирањето на помош за настраданите по катастрофата на цунами брановите од кои во Југоисточна Азија настрадаа околу 280 000 луѓе, а исчезнаа 220 илјади луѓе. На плоштадот Македонија во Скопје на 15 јануари се одржа целодневен хепенинг каде за донација се продаваа капчиња и маички со потписи на естрадните ѕвезди кои настапија и на вечерниот концерт. |  |
Црвениот крст ќе го намали собирањето средства за цунами
Несреќата ги направи луѓето екстремно дарежливиВАШИНГТОН (Ројтерс) - Федерацијата на Црвениот крст, најголемата светска хуманитарна група, на крајот на јануари изјави дека нејзините здруженија низ целиот свет собрале доволно пари за помош на жртвите од цунамито во Азија и дека ќе го намали собирањето средства.
|  |
Мрежа на партиципативни практиканти (2)
Развој воден од заедницатаРазвојот воден од заедниците1 (РВЗ) е процес на заедничка работа внатре во заедниците за препознавање и активно користење на ресурсите на заедницата за развој и имплементирање на реалистички и одржливи развојни програми. Овој пристап се засновува на верувањето дека членовите на заедницата се најдобрите познавачи на сопствените потреби и јаки страни и како такви тие се способни да бидат најефикасни и најважни “архитекти” на развојот. |  |
|