Коментар
Заедно за едно
Влеговме во Новата година, и место да почнат да ни се исполнуваат убавите желби, се случи голема несреќа. Цунамито одзеде многу човечки животи. Тага насекаде, а доброто во нас се покажа на дело. Низ целиот свет започна да се прибира помош за настраданите.
“Заедно за едно” беше мотото на минатогодишниот НВО Саем - 4 форум на граѓанските организации во Македонија, кој се одржа во декември и што ме асоцира на акцијата Денови на солидарноста, која се одржа во нашата земја, по повод настраданите од цунами во Југоисточна Азија. Македонија и нејзините граѓани уште еднаш потврдија дека се солидарни со другите. Несреќата што се случи во Југоисточна Азија, Скопје ја проживеа со катастрофалниот земјотрес во 1963 година. Тогаш светот покажа солидарност за Скопје. Сега граѓаните на Македонија покажаа на дело дека можат да направат нешто за другите. Помогнаа сите, како можеа и колку можеа.
Ваквите акции не би требало да се организираат само во вакви случаи, сите заедно треба да направиме нешто и околу проблемите кои ги има кај нас и кои треба да ги решиме заедно. Ги гледаме, но никако да се мобилизираме и да ги ублажиме колку што е возможно. Во Македонија има бројни случаи, како луѓе кои с$ уште немаат вода, вклучување на маргинализираните групи во секојдневниот живот итн. Па, би можеле сите заедно да направиме нешто за подобро утре на другите.
Верувам дека луѓето од Македонија се желни да покажат хуманост. Пред с$, Мајка Тереза беше родена тука и нејзиниот живот го посвети на немоќните. Ние денес треба да го следиме нејзиниот пример, кој треба да ни биде водич во добрите дела.
Грамоз Шабани
|