Црвениот крст ќе го намали собирањето средства за цунами
Несреќата ги направи луѓето екстремно дарежливи
ВАШИНГТОН (Ројтерс) - Федерацијата на Црвениот крст, најголемата светска хуманитарна група, на крајот на јануари изјави дека нејзините здруженија низ целиот свет собрале доволно пари за помош на жртвите од цунамито во Азија и дека ќе го намали собирањето средства.
Меѓународната федерација на Црвениот крст и Здруженијата на Црвената полумесечина планираат да ги соопштат своите одлуки во Женева, еден месец по цунамито од 26 декември во кое загинаа повеќе од 228.000 луѓе во регионот од Тајланд до Сомалија во Индискиот Океан.
“Имаме доволно средства да ја покриеме програмата за помош и заживување и собирањето на средства сега ќе се намали низ светот”, рече Сиан Бауен, одговорна за односите со медиумите и јавноста за Меѓународната федерација на Црвениот крст и Здруженијата на Црвената полумесечина во Женева.
Таа не успеа до средата да обезбеди детали за тоа колку било собрано од повеќе од 70 здруженија на Црвениот крст вклучени во кампањата за цунами, но рече дека американскиот Црвен крст бил меѓу најдарежливите.
“Несреќата допре до луѓето така што ги направи екстремно дарежливи. Нашето собирање средства беше неверојатно. Ние сме воодушевени на пријатен начин. Кога ќе се објават бројките, тоа ќе може да се види”, рече Бауен.
Американскиот Црвен крст собрал повеќе од 223 милиони американски долари изминатиов месец, според неговиот веб-сајт, и наскоро се очекува самиот да соопшти за плановите да го запре текот на специјалното собирање средства.
Претставници на Црвениот крст се во Индонезија и Шри Ланка ги прецизираат плановите за тоа како да ги искористат парите, кои ќе бидат средства за програмите во наредните 10 години, почнувајќи од хранење и сместување на луѓето раселени од цунамито, до психолошко советување.
Други групи бараат повеќе
Одлуката на Црвениот крст да се престане со собирањето средства следува по една одлука донесена на почетокот на овој месец од француската добротворна организација “Доктори без граници”, која исто така кажа дека собрала доволно.
Но, други хуманитарни групи ја поттикнуваат јавноста да продолжи да донира пари, особено за фазата на реконструкција.
Влади, хуманитарни групи и индивидуални донатори досега ветиле повеќе од 7 милијарди американски долари помош за цунамито, но може да поминат месеци или години пред повеќето од овие пари да се материјализираат.
Сид Балман, портпарол на американскиот синџир од хуманитарни групи “Интеракција”, рече дека е особено важно донаторите, а особено владите, да ги спроведат ветувањата до крај.
“Заедници беа комплетно уништени и според поранешни искуства, одреден процент на донации кои владите го ветиле може да не се материјализира”, рече Балман.Тој рече дека е важно донаторите да разберат дека повеќето од 160-те членови на “Интеракција” не ги исполниле своите цели за финансиска поддршка.
“Луѓето не треба да претпоставуваат дека ако Црвениот крст има доволно, тоа е случај и со другите”, рече Балман.”Интеракција” проценува дека неговите членови собрале повеќе од 450 милиони долари за жртвите од цунамито.
Портпаролот на ГРИЖА САД, Лурма Рекли, соопшти дека нејзината група досега собрала околу 25 милиони долари и дека нејзината цел е да се ветат 50 милиони долари за работата околу реконструкцијата.
“Ние сме во областите зафатени од цунами со децении и ќе бидеме таму уште долго. Ние не знаеме чии ветувања ќе се исполнат и колку ќе биде потребно. Ние не го стопираме долгорочно собирањето средства”, рече таа.
Портпаролот на “Спасете ги децата САД”, Колин Сатон, соопшти дека нејзината организација исто така продолжува со напорите за собирање средства.
“Јас мислам дека луѓето ја препознаваат долгорочната потреба за децата и што е потребно за обновување на нивните животи и се надеваме дека луѓето ќе продолжат да даваат”, рече таа.
By Sue Pleming, Reuters, Јануари 25, 2005
Учеството во Програмата за демократска соработка (во четвртата фаза) придонесе кон зајакнување на капацитетот на нашата организација, посебно во делот на лобирање и застапување пред државните институции, како и управување со проекти. Зајакнатите капацитети на нашата организација доведоа до подготовка на други проекти кои во деветмесечниот период беа финансиски поддржани од различни донатори (Згрижување интернационал, “Креирање на младинска политика”, “Зајакнување на капацитетите на ГО”, ЦАРИТАС “Младите за демократијата”, “Тренинг за млади лидери”, ФИООМ “Дијалог со младите”, Згрижување интернационал, “Девелопмент Цооператион Иреланд”, ИСЦ/УСАИД и ФИООМ “Конфренција за младинска политика за земјите од Југоисточна Европа”).
Дел од услугите кои ги нуди нашата организација се однесуваат на испорачување обука за млади и ГО како целна група. Благодарение на учеството во ДемНет, зајакнатите капацитети на организацијата се рефлектираа и врз обуките кои ги испорачавме на темите: “Методи на фацилитација” (целна група ГО, членки на коалицијата СЕГА), “Развој на вештини за презентација”, “Организациски способности” и “Градење тим” (целна група млади локални лидери).
Како резултат на спроведувањето на проектот со ДемНет, во нашата организација се донесе правилник за бележење на времето на работа на волонтерите во организацијата, правилник за спречување конфликт на интереси и стратешки план на организацијата.
|