Сметководствена политика за непрофитни организации

Персонален данок на доход за проектни активности

Персоналниот данок од доход се пресметува за секоја поединечна обврска кон физички лица, а се плаќа во моментот на исплата на истата.

Обврската е на сила и во случај кога наместо директна исплата на одредено физичко лице тоа ќе се стори со содветна исплата во негово име на кое било правно лице. Значи, об­врската за пресметка и уплата на персоналниот данок од до­ход не престанува во случај ако & платиме на одредена турис­тичка агенција, пример авио­билет за особата НН.

Даночен обврзник е лицето при­мател на средствата, но об­врз­ник за уплата на данокот е исплатувачот на средствата. Во пракса тоа би изгледало вака. Обврзник за персонален данок од доход по одреден договорен надомест е лицето кое треба да го прими соодветниот надомест, но граѓанската организација е таа која е обврзана да изврши уплата на персоналниот данок од доход на соодветна буџетска сметка.

Кога говориме за оваа пробле­мати­ка по­себно, треба да обрнеме вни­мание на фактот дали во граѓан­ска­та орга­ни­за­ција има при­ја­вени (во биро за вра­бо­тување) ра­ботници или не.

Во случај кога во гра­ѓанската орга­низација нема вра­ботено работ­ници, тогаш се при­­ме­ну­ва пра­вил­ото за прес­мет­ка и упла­та на пер­сонален да­нок од до­ход за се­која по­еди­неч­на ис­­плата, па оттука и обврска за него­ва исплата при одржување семинари и сл. проектни ак­тивности.

Доколку во граѓанската организација има барем еден вработен работник, во тој случај истата нема обврска за пресметување и уплата на персоналниот данок од доход при спроведување на наведените активности, односно обврската за пресметување и уплата на персоналниот данок од доход ќе важи само во случај кога корисници на проектната активност се физички лица, а нема да важи ако тие физички лица се дојдени како преставници на одредени организации.

Со други зборови, ако на вашите семинари, обуки и сл. го повикате лицето НН, имате обврска да го пресметате и уплатите персоналниот данок од доход, но доколку на истата активност дојде лицето НН, но сега како претставник на повиканата организацијата АБ, во тој случај немате обврска за  пресметување и уплата на персоналниот данок од доход.

 

Александар Бужаровски
Раководител на административно-финансиското одделение во МЦМС


 

Новини во пресметувањето и плаќањето на аконтациите на персоналниот данок на доход на личните примања

Почнувајќи од 1 јануари 2005 година изменето е Упатството за начинот на пресметување и плаќање на аконтациите на персо­налниот данок на доход од лични примања.

Но­ви­те стапки и членови изгледаат вака:

 

На месечна даночна основа
 
До 30.000 денари,  15%
Од 30.000 до 60.000 денари, 4.500 +18% на делот од доход од 30.000 до 60.000 денари
Над 60.000 денари, 9.900 + 24% на денот од доходот над 60.000 денари

На месечна даночна основа

До 25.500 денари, 17,647059%
 
Од 25.000 до 50.100 денари,  4.500 +21,951219% на делот од доход од 25.500 до 50.100 денари
 
Над 50.100 денари,  9.900 + 31,578947% на денот од доходот над 50.100 денари