Организација на жените Турчинки во Македонија - ДЕРЈА

Интеграција на жените во сите општествени текови

Организацијата на жените Турчинки во Република Маке­донија ОЖТМ-ДЕРЈА е граѓанска, мултикултурна, непрофитна организација, основана во Скопје во 1999 година, со цел извршување активности во рамките на локалната самоуправа. Во организацијата членуваат 300 волонтерки со различна религиозна и етничка припадност, а од нив 20 се активни. Организацијата е отворена за соработка со исти или слични организации од Македонија и од странство.

Мисијата на ДЕРЈА е да се дефинираат правата, човековите и малцинските, правата на жените, да се почитува нивниот глас, да се поттикне нивната еманципација и да се овозможи нивна целосна интеграција во сите општествени текови, како и едукација на различни теми - медицина и здравство, род, демократија, зајакнување на граѓанското општество, решавање конфликти итн.

ДЕРЈА има за цел едукација, поддршка и охрабрување на жените во борбата за нивно помасовно вклучување во политиката, женските, и воопшто човековите права, половата еднаквост, ненасилство над жената, здравственото образование и сл.

Организацијата на жените Турчинки досега има реализирано 31 проект, има организирано работилници за едукација на жените за подигнување на нивната свест  во однос на локалните традиции, културата, враќање на довербата во хуманите релации, подигнување на интеретничката комуникација, толеранцијата и сл.

Оваа година една од императивните определби на ДЕРЈА ќе биде дејствување во правец на зајакнување на капацитетите на Орга­низацијата на сите нивоа, како и можно вмрежување со други исти или слични гра­ѓан­ски организации, со цел поуспешно реали­зирање на поставе­ни­те задачи и постиг­нување поголем ефект во рамките на заедницата.

Претседател на ОЖТМ - ДЕРЈА е Сузана Мус­ли. ДЕРЈА се наоѓа на ул. “Август Цесарец” 3/5-6 во Скопје, достап­ни се на тел./факс 02/2622-354, или на е-маил:

дерѕамкдЖмт.нет.мк

 

Д. Медароски