Мрежа на партиципативни практиканти (2)
Развој воден од заедницата
Што претставува пристапот кон Развојот воден од заедниците?
Развојот воден од заедниците1 (РВЗ) е процес на заедничка работа внатре во заедниците за препознавање и активно користење на ресурсите на заедницата за развој и имплементирање на реалистички и одржливи развојни програми. Овој пристап се засновува на верувањето дека членовите на заедницата се најдобрите познавачи на сопствените потреби и јаки страни и како такви тие се способни да бидат најефикасни и најважни “архитекти” на развојот.
Програмата РВЗ се засновува на интензивна работа со заедниците за поттикнување пошироко учество на нивните членови во планирањето и имплементирањето на активностите на заедниците. Според стекнатото искуство, овој пристап претставува моќно средство за оспособување на заедниците преку:
- Ефикасност преку наоѓање локални решенија за локални проблеми; - Ефикасност преку градење чувство за сопственост врз процесот; - Одржливост преку развој на општествениот капитал.
Со поддршка и обука, локалните ЗГ се оспособуваат и тие да ги оспособуваат заедниците да се организираат себеси и да работат заедно за општото добро - зголемување на заедничката посветеност на развојот и градењето доверба. Зголемената доверба и посветеност треба да резултира со партиципативни проекти во иднина, како и со подобрување на одржливоста, како на локалниот развој, така и на локалните ЗГ.
Пример за успех во една заедница во близина на Приједор:
- Заедницата избрала работно тело/група кое изготвила предлог-проект и ги организирала сите поврзани активности; - Граѓаните ја убедиле локалната влада да го одобри поставувањето на многу потребната брана на реката; - Во кутиите поставени на јавни места се собрани 902 КМ од поединци, додека дополнителни 339 КМ биле собрани од локалните бизниси; - Граѓаните ангажирале локални бизниси и граѓани да обезбедат дополнителни “добротворни” прилози, вклучувајќи набавка на камиони и друга машинерија од страна на четири локални претпријатија; - Волонтери помогнале да се исчисти реката, а локални бизниси донирале опрема за да се заштитат браните од можни поплави во иднина; - Граѓаните ја убедиле екополицијата да се обврзе дека ќе патролира во околината во иднина.
Проектот треба има долготраен ефект, особено поради тоа што работната група има план за идните активности кој се фокусира на заштитата на реката, а вклучува и подигање на свеста, дополнителни волонтерски активности за чистење и решавање на проектот со канализација на реката.
Идни планови за Мрежата на партиципативни практиканти
Со цел да се прошири имплементацијата на програмата за Развој воден од заедницата и да се создаде средина која го поддржува и поттикнува директното учество на граѓаните во развојните активности, неопходно е да се промовира споменатиот пристап, да се обучат ЗГ за примена на пристапот РВЗ и да се поддржи имплементацијата на иницијативите за учество во заедниците.
Одделенијата на Мрежата на партиципативни практиканти во земјата одлучиле секоја земја учесник (Босна и Херцеговина и Македонија) да биде одговорна за ширење и промовирање на овој партиципативен пристап кон развојот во рамките на Босна и Херцеговина и на Македонија одделно.
|