Брент Канингам, одговорен уредник на “Колумбија џурнализам ривју” и предавач на Факултетот за новинарство на Универзитетот Колумбија во САД

Најсилни новинарски орудија се правилното известување и критичкото мислење

“Во новинарството е многу тешко однапред да се знае каков ефект ќе има она што ќе го напишеме. И кога зборуваме за главните проблеми во аме­риканското но­ви­нарство денес, ние често имаме чув­ство дека се бориме со ветерници”, вели Брент Канингам, одго­ворен уредник во магазинот “Колумбија џур­нализам рив­ју” и предавач на Факултетот за новинарство на Универзитетот Колумбија во САД.

“Колумбија џур­нализам рив­ју” е магазин кој излегува шест пати годишно, а оваа година е добитник на “Утне Индепендент Пресс Ањард” како магазин кој покажал чувство за вистинско известување од сите области на социјалната сфера и како магазин кој докажал дека е независен при изнесувањето на своите ставови.

Која е главната улога на “Колумбија џурнализам ривју”?
Повеќето луѓе би го опишале “Колумбија џур­нализам рив­ју” (КЏР) како надгле­дувач на медиумите, присилувајќи ги медиумите да ги прифатат општите ста­вови на новинарските стандарди. Всу­ш­ност, вистина е де­ка магазинот е многу повеќе од тоа. “Колумбија џур­на­ли­зам рив­ју” е мага­зин на идеи. Знаеме дека медиумите се страш­но моќна институција и се обидуваме да истра­жиме различни об­лас­ти, од тоа зош­то САД тргнале во војна против Ирак до рела­ци­­ите меѓу расите во Јуж­на Афри­ка,  ста­вај­ќи го под лупа начинот на кој ме­ди­умите ги покриваат овие области.  Можете да пишувате за што било низ лупата на медиумите. Од класните разлики, преку проблемот на рамноправноста меѓу половите, до политиката. Наша најважна цел е да им помогнеме на новинарите, уредниците, репортерите, како и на сопствениците на медиумите да размислуваат низ проблемот со кој се соочуваат, но исто така да агитираме за поагресивен слободен печат кој мора да има сериозна  ролја на опонент кон владата и кон светот на корпорациите.  Веру­ваме дека медиумите имаат круцијална уло­га во развивањето на слободното оп­штество.

Кои се најприсутните проблеми во американското новинарство и колку има можности КЏР да ги елиминира проблемите кои ќе ги забележи?  
Во новинарството е многу тешко однапред да се знае каков ефект ќе има она што ќе го напишеме. И кога зборуваме за главните проблеми во американското новинарство денес, ние често имаме чувство дека се бориме со ветерници. Земете ја корпори­зацијата на медиумите. Ако сакам да го посочам проблемот од кој произлегуваат многу други, тогаш тоа би бил тој. Тоа не е само едноставен факт дека во Америка повеќето од медиумските компании се само артикли со коишто се тргува,  соз­давајќи ситуации каде што потребите на инвеститорот, т.е. границите на профитот се адут  кој ги победува сите останати новинарски интереси. Но, оваа ситуација со текот на времето создава нешто што е уште повеќе подмолно отколку барањето за поголем профит, но создава предупредување кое се  вовлекува во сите пори. Репортерите се плашат да ги предизвикаат или да полемизираат со изворите, за да не бидат оптужени за пристрасност. Уредниците се плашат да не објават застрашувачки или контроверзни фотографии стравувајќи де­ка читателите би можеле да се откажат од претплатата на весникот. Ако вашата главна цел е да спечалите што е можно повеќе пари, тогаш вие не можете да продолжите да бидете жилав тип, непоколеблив, не можете да практицирате новинарство кое му е потребно на слободното општество.

Еден неодамнешен пример на нешто што го  направи Колумбија џурнализам ривју, заедно со други познати медиуми, и на таа основа можат да ја градат својата доверба, е претставување на проверката на клучните факти и сегменти за време на крајната етапа од последните американски претседателски избори. Угледниот весник “Њујорк тајмс” објави текст во кој репортерот го зеде говорот на еден од кандидатите и покажа што е вистинито во тој говор, а што не. Нешто слично направи и телевизиската станица “АВС” во периодот  по завршу­вањето на дебатите меѓу двајцата кандидати. КЏР веќе подолго време се залага во сите медиумски извештаи да има темелна проверка на факти и да се соочиме со вистината односно со невистината.

Можеме ли денес да зборуваме за независно новинарство или сопствениците на медиумите ја дефинираат границата на слободата на новинарите?
Морам да нагласам дека и покрај сите лоши работи кои ги направи корпоративната сопственост на медиумите с$ уште верувам дека постојат голем број добри новинари и уредници кои не отстапуваат од независното новинарство. Независното нови­нарство сигурно нема да исчезне. За почит е работата на Сју Херш, по слу­чувањата од 11 септември 2001 година, кои ги направи за весникот “Њујоркер”, или работата на Џим Фалоус кој  про­дуцираше за “Атлантик”. Второ, веб-стра­ниците сигурно нудат ветувања за уште позастапено независно новинарство. Но, с$ додека веб-страниците се нерамен терен за новинарите во смисол дека покрај навистина многу добри и умни извештаи и коментари, се појавуваат и некои воз­немирувачки “тенки” и неодговорни написи кои сакаат да се провлечат како новинар­ство на веб-страниците. С$ уште е нејасно во кој правец ќе се развива ова. Освен ова, загрижува и тоа што најдобрите веб-страници кои се појавија во деведесеттите години би можеле да бидат “зграпчени” од големите медиумски компании, со што би се укинала нивната независност.

По прашањето за независноста на новинарството не може да се избегне прашањето за објективноста во новинарството, кон која, барем декларативно, се стремат новинарите. Имате ли впечаток дека денес терминот објективност е употребуван и злоупотребуван?
Како нешто кон што се стремиме во новинарството, објективноста останува корисен концепт за медиумите. Меѓутоа, несов­ршеноста е во тоа што објективноста слу­жи како контрола на искушението да се биде интелектуално нечесен, како и да се избегне новинарската пристрасност, било на политички или некој друг план. Тоа зборува дека објективноста е проб­ле­матична во однос на степенот што го оправ­дува мрзливото “тој рече/таа рече” известување кое не пра­ви ништо за да им помогне на читателите да ја раз­берат суш­ти­ната на голем број комплексни те­ми кои секој­дневно се јавуваат во вестите. Репортерите кои ги следат настаните мораат да се стекнат со веш­тини и верувам дека најважниот дел од нивната ра­бота е да го употребат своето знаење при претставувањето на фак­­тите, како што реков порано, при соочу­ва­ње на вистината и невистината, за да им помогнат на читателите и на гледачите да проценат кој е во право, а кој не, секако кога е можно тоа. Но, и кога не е можно, и кога не може толку лесно да се дојде до одредени податоци, задачата на репортерот е да копа многу длабоко, за да покаже која од страните кои дебатираат има полегитимен исказ.

Дали се согласувате дека постои позитивна пристрасност во медиумите?
Зависи на што мислите. Пристрасност спрема позитивната, како спротивност на негативната вест, или дали воопшто има пристрасност во весниците? Ако се однесува на првото, тогаш одговорот е не, нема пристрасност кон позитивните вести. Една од дефинициите на вестите е дека ние известуваме за нештата кои се скршени, кои се проблематични, кои не функционираат. Тоа подразбира негативна конотација. За второто ќе кажам дека секако постои пристрасност во медиумите. Лична пристрасност, институционална пристрасност, класна пристрасност. Новинарството во голема мера е субјективно. Впрочем, во природата на луѓето е дека кога работат нешто кон некои работи се повеќе наклонети. Сепак, не верувам дека повеќето репортери во Америка се некакви идеолошки воини кои секојдневно сакаат да протуркаат некој свој распоред и редослед на нештата.

Која е причината што новинарството денес е оддалечено од обичните луѓе повеќе од кога било? Дали репортерите немаат време да го слушнат “гласот на народот” или намерно ги избегнуваат темите за секојдневните проблеми на работниците штитејќи се всушност себеси од конфликтот со институциите?
Пишував за класната пристрасност во новинарството и факт е дека тоа претставува проблем. Ние пишуваме за богатите, моќните, за луѓето кои имаат пристап кон различни “системи” кои се пресудни за на­шето општество. Ние се идентификуваме со луѓето кои се како нас, или се идентификуваме со оние какви би сакале да бидеме ние. А, ничии аспирации не се да оди надолу во општествената хиерархија. Лошата страна на сето тоа е дека кога ние пишуваме за сиромашните, болните, бездомниците пишуваме како за нешто што ни е туѓо и далечно, нешто што треба да се оп­сервира и проучува, и на крајот на краиштата да се реши. Проблем е во тоа што новинарите во последните две и пол децении се дел на професионалната класа и интересите на оваа класа во го­лема мера се рефлектираат во медиуми­те.

Кои земји денес се во фокусот на интересирањето на американските новинари? Дали новинарите во САД пишуваат теми за одредени земји, за нивната традиција и историја, покрај написите за политичките конфликти? 
Во САД постојат весници како што се “Њујорк тајмс”, “Вашингтон пост”, “Вол­стрит џурнал” и “Лос Анџелес тајмс” кои заедно со агенцијата “Ассоциатед Пресс”  имаат свои дописништва во странство. Нив­ната тенденција е да пишуваат за земји каде што се инволвирани американската влада или војска, како што се Ирак, Авганистан, Русија, Израел или за места каде што има стории кои успеваат да продрат до јавната свет. На пример, Судан или Украина. Овие весници исто така пишуваат и културни и политички репортажи од Западна Европа, Јапонија, Кина, Индија. Постојат и весници како што се “Мајами хералд” и “Далас морнинг њуз” кои ги покриваат вестите од Централна и Јужна Америка, што се должи на фактот што голем број од нивните читатели се Хиспа­ноамери­канци, како и од близината кон овие земји. Но, зборувајќи генерално, американските медиуми не го покриваат светот на вистински начин. С$ уште многу Американци мислат дека можат да дозволат да го игнорираат светот, и тоа се рефлектира во печатот.

Вие предавате новинарство на Универзитетот Колумбија. Кое е Вашето мислење како предавач, на  што најмногу  треба да им се укаже на идните новинари?
Ова е секако големо прашање, но јас ќе се обидам да го искажам на едноставен начин. Сметам дека е потребно да им се укаже на студентите на истражувачкото новинарство, на етиката и како критички да размислуваат за светот. Потоа, едукацијата на новинарите треба да се движи во насока на специјализација. Мислам дека   со дипломирањето треба да бидат специјализирани за нештата, како на пример религија и новинарството, наука и новинарството, или пак, законот и новинарство­то. Генерално, верувам во овој пристап. Сепак, повеќето новинари во својата кари­ера покриваат различни теми и различни области.  Но, за најсилни новинарски ору­дија ги сметам правилното известување и критичкото мислење, ако тоа го знаете го имате занаетот во раце.

Марија Кука