Коментар
Мај - месец на младоста, месец што ќе се памети
Мај, месецот на пролетта, месецот на младоста (25-ти мај с$ уште многумина го паметат и го споменуваат), годинава, меѓу другото, го одбележаа два настани по-врзани со различни форми на граѓанско здружување
Прашања и одговори
Граѓанските организации и политиката
Во предизборието, како што бивало вообичаено и порано, се јавија бранувања коишто ги засегнаа и граѓанските организации, независно од нивната волја. Па така, дел од нивните активности од претставниците на власта или на политичките партии се квалификуваат како партиски кампањи, а самите организации, како партиски обоени. Под влијание на ваквите збиднувања се наметнуваат низа прашања: Дали политичките партии ги употребуваат (злоупотребуваат) граѓанските организации и нивните лидери за остварување сопствени цели? Дали членови на граѓански организации ги користат сопствените организации за промоција на некоја партиска агенда? Дали членовите на граѓанските организации можат да бидат членови на политички партии и активно вклучени во партиската политика?
Во Македонија се одржа првиот Европски ден на претприемачот
“НИ ТРЕБА ПОВЕЌЕ ПРТПРИЕМНИЧКИ ДУХ”
                                                                                                                         албански

Оваа година за првпат во Македонија се одржа манифестацијата „Европски ден на претприемачот”. На 9 и на 10 мај, на Скопскиот саем, се одржаа 11 семинари на коишто на повеќе од 500 присутни им се обратија околу 50 говорници. На саемот на претприемништвото учествуваа 60 компании од земјите од регионот (Србија и Црна Гора, Косово, Босна и Херцеговина, и Македонија), како и организации за поддршка на претприемништвото.
Пилот-проект за енергетска ефикасност и промоција на обновливата енергија
Соларни системи во интернат и градинка во општината Јегуновце
Граѓанската организација Проактива од Скопје на крајот на мај започна со реализирање на пилот-проектот за енергетска ефикасност и за промоција на обновливите видови енергија во тетовската општина Јегуновце.
Како до успешни “мулти-култи” активности
Принцип на неутралност
                                                                                                                         албански

Сметајќи дека генезата на поимот неутралност нема потреба да се објасни поради тоа што е лесно разбирливо, во овој текст ќе се осврнам само на неколку аспекти на неутралноста коишто можат да придонесат за успешно реализирање меѓуетнички проекти. Значи, фокусот ќе биде на: неутралност во проектниот тим, неутралност на местото на вашата главна активност и неутралност на содржината на вашите пораки во проектот.
Светски совет на црквите
Изјава на Извршниот комитет за Иран за нуклеарната пролиферација
Светскиот совет на црквите во неколку наврати го искажал својот став дека „единствената конечна заштита од нуклеарно оружје е неговата целосна елиминација” (ЕС, февруари 2004 год.), забраната и механизмот на ефикасна меѓународна инспекција и контрола (Второ заседание, 1954 год.). Договорот за нуклеарна антипролиферација (НПТ) е единствениот договор во меѓународното право којшто формално се залага за овие цели, а за ССЦ тој претставува документ од фундаментално значење којшто бара од сите земји да бидат прецизни и одлучни во исполнувањето на нивните целосни обврски од Договорот
Аким Штајнер, новоизбран директор на Програмата за екологија на Обединетите нации
Екологијата е значаен сегмент во сите сфери на општественото живеење
Аким Штајнер е новиот директор на Програмата за екологија на Обединетите нации (УНЕП), а едно од неговите последни официјални појавувања како директор на ИУЦН (Светска организација за зачувување на природата) беше на меѓународната конференција „Проценување на екосистемите и искоренување на сиромаштијата” што се одржа кон крајот на април во Копенхаген, Данска, во организација на Ком+Алијанс и данското Министерство за надворешни работи, каде и се водеше овој разговор.
Емилија Симовска
Не би можела да лажирам резултати од истражувања
Мобилизација на ресурси
АУКЦИЈАТА КАКО ЕДНА ОД НАЧИНИТЕ ЗА ПРИБИРАЊЕ СРЕДСТВА
Женската граѓанска иницијатива “Антико” е мултиетничка НВО-мрежа, основана во 1999 год. од страна на 14 лидерки од женски НВО од 7 локални заедници на Р. Македонија.
Погледи
Последиците на Чернобилската катастрофа се сериозен сопирачки фактор во економската изградба на Украина
                                                                                                                           албански

Дваесет години нe делат од страшниот датум, 26 април 1986 година, кога се случи најголемата технолошка катастрофа во историјата на човештвото - хаваријата на атомската централа во Чернобил. Много добро ги паметам првите мигови кога граѓаните на Киев дознаа за хаваријата. Постоеше големо незнаење. Со атомот немаше допир никој освен стручните лица, а тогаш се појавија новите термини: радионуклеиди, загадување со тешки метали, озрачување и др.
Женската мрежа ја оценува 2005 година
Хрватска ги занемари воените последици врз жените
Женската мрежа на организации на жените кои работат во Р. Хрватска во својот извештај за 2005 година ги презентира (не)реализираните очекувани поместувања на состојбите во земјата, во остварувања на родовата еднаквост. Анализирани се институционалните механизми во државата, медиумите, образованието, правата на репродукција, положбата на жените на пазарот на трудот, жените и политиката, насилството над жените, трговијата со нив
14 ГОДИНИ ПРВА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ – МЕЃАШИ
Децата се народ кој никогаш не повел војна
Децата се посебен народ. Децата не се национални и верски војсководци. Тие се еден народ кој никогаш не извел револуција или контрареволуција, ниту пак повел војна. Децата не се ни класно ни национално прашање: децата се прашање над сите прашања.”