Мобилизација на ресурси

АУКЦИЈАТА КАКО ЕДНА ОД НАЧИНИТЕ ЗА ПРИБИРАЊЕ СРЕДСТВА

Женската граѓанска иницијатива “Антико” е мултиетничка НВО-мрежа, основана во 1999 год. од страна на 14 лидерки од женски НВО од 7 локални заедници на Р. Македонија.

Нејзината мисија е промоција на културата на  мирот и  ненасилството, преку создадавање сигурен заеднички простор за реализирање  на заедничките цели, а тие се:

- Подобрување на положбата на жените во македонското општество;

- Развој на мултиетничките односи и соработка,  како и активно учество на жените во идентификувањето и решавањето на проблемите и потребите на заедницата и градењето на граѓанското општество.

Во моментот женската граѓанска иницијатива “Антико” спроведува три програми: Мир со себе, мир со сите; Жените и општеството; и, Поддршка во јакнење на организациските, институциналните и техничките капацитети на НВО-членките.

Хуманитарниот настан, под мотото „За живот без насилство”, произлезе како иницијатива од страна на обучениот тим за прибирање средства, во рамките на проектот „Јакнење на капацитетите на селектирани организации”, кој е финансиски поддржан од ЕАР (Европската агенција за реконструкција), а  спроведуван од ДРЦ (Данскиот совет за бегалци).

Аукцијата беше организирана со цел да се приберат финансиски средства за набавка на легла и неопходна придружна опрема за Кризниот центар „Надеж” (организација членка на мрежата на “Антико”), како и за дополнителни активности на мрежата од оваа област.

Структурите и членките на “Антико” се многу задоволни од оваа успешно организирана активност. За да биде аукцијата успешна, свој придонес дадоа сите оргнизации членки на мрежата, групи и индивидуалци, владини институции, бизнис-секторот, медиумите, како и голем број уметници.

Сумата којашто беше собрана од донации и од продажба на предметите коишто беа изложени на аукцијата достигна до 78.980.00 денари, и тоа: финансиски средства, префрлени на  жиро-сметката од страна на  организации и поединци - 19.000.00; донации за време на настанот - 4700.00 ден; од продажба на билети - 9500.00 денари; од продажба на предмети од тивката аукција - 37.710.00 денари; и, од продажба на предмети од гласната аукција - 8070.00 денари.

На аукцијата учествуваа околу 200 лица,  претставници од амбасадите во Р. Македонија, претставници од локалната власт, од владиниот сектор, од бизнис-секторот, како и претставници од меѓународни и од домашни невладини организации.

Покрај набавката на леглата и придружната опрема за Кризниот центар „Надеж”, “Антико” даде свој придонес за поттикнување на развојот на граѓанското општество во Македонија со вклучување на граѓаните во идентификување на проблемите и потребите во заедницата, воспостави соработка помеѓу владините институции, медиумите, бизнис-секторот и невладиниот сектор. Антико со организирање на овој настан исто така даде придонес и кон градењето на свеста и културата за донирање и волонтеризам.