Емилија Симовска Не би можела да лажирам резултати од истражувања
Професионално искуство Сиот работен стаж од 26 години го имам посветено на научно-истражувачката дејност. Сите фази од учењето на занаетот ги имам поминато во Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања. Во почетокот, како и сите помлади асистенти, работев на различни области, не секогаш по мој интерес, но последниве 15 години работам повеќе на проблематиката на етничките односи и нивните безбедносни импликации. На постдипломските студии во Институтот предавам Политичка култура и комуникации, а на Американскиот колеџ - Односи со јавноста.
Ангажирање во граѓанскиот сектор Повеќе години бев во Управниот одбор на Институтот Отворено општество - Македонија. Таму дојдов во контакт со голем број ГО, со коишто продолжив да соработувам. Имам повеќе пати работено на проекти од МЦМС. Им помагам на малите граѓански организации да направат проекти. Голем дел од времето посветувам на оваа сфера.
Хоби и интереси Хоби немам. Освен она што го работам, ме инетересира спорт, главно фудбал и автомобилски трки.
Најтешка одлука Не би можела да наведам, зашто кога донесувам одлуки, обично сум сосема сигурна во тоа што го правам, па не ми се тешки. Можеби сум имала среќа да не се соочам со дилеми.
Амбиции Да не се доведам во ситуација во којашто би била принудена да отстапам од некои мои принципи.
Во слободното време чита За жал, само стручна литература; Ја има премногу, па ретко имам време за белетристика и обично ги пропуштам или доцнам со многу други книги коишто вредат да се прочитаат.
Каде оди во слободното време Пешачам, а потоа во некое кафуле.
За време на викендите Викендите често не ми се разликуваат од работните денови. Но кога ми се слободни, главно ми се исполнети со семејни обврски, посети на пријатели и сл.
Кој национален/локален проблем го смета за особено важен и зошто? Почитување на законите. Мислам дека кога тоа би се остварило, во Македонија с$ друго ќе биде подобро.
Кој глобален проблем го смета за особено важен и зошто? Заштитата на околината (без неа нема да има проблеми, но ни луѓе).
Што би променил/а во Македонија и во светот? Луѓето и нивната вредносна матрица. Се разбира, тоа не е можно.
Совет/порака Не верувам во широко упатени пораки. Ни самата не ги слушам. Кога советувам, тоа се однесува на чесност и професионалност; но, претходно треба да сум убедена дека советите имаат смисла за тие што ги слушаат.
Никогаш не би можел/а Не би можела да лажирам резултати од истражувања, како што го прават тоа некои мои колеги за да им се додворат на политичките партии.
|