60-то ЗАСЕДАНИЕ НА КОМИСИЈАТА ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА ОН
Кога политиката и човековите права ќе направат компромисиКога политиката и човековите права ќе направат компромиси
(Втор дел)
Шеесеттото јубилејно заседание на Комисијата за човекови права на ОН заврши на 23 април. Ако оваа година ќе си отиде како година на обележување важни годишнини за човековите права во историјата на ОН, тогаш 60-тото заседание дефинитивно нема да е меѓу нив. Големите очекувања и силниот притисок од страна на НВО не успеа да обезбеди ефикасна акција за најголемата загриженост за човековите права со која се соочуваме во моментов во постерата на 11 септември. |  |
Работилница на МЦМС
|  |
Промоција на третото издание на “Граѓански практики”
Образованието на Ромите во МакедонијаЕден ден по Светскиот ден на Ромите 9 април, Македонскиот центар за меѓународна соработка во Скопје го промовираше третото издание на “Граѓански практики”, под наслов “Образованието на Ромите во Македонија”. Авторите, Елена Ташкова, Славко Саздовски, Благоја Трајковски, Тихомир Каранфилов и Анифа Демировска, дадоа скромен, но значаен осврт на искуствата на граѓанските организации и своевидни оценки на досегашните покажани резултати, а нивните ставови се сметаат за значаен придонес за квалитетно и сериозно разгледување на различните аспекти на образованието.
|  |
Успешна граѓанска акција во Тетово
“Кажи Македонија” привлече голем број луѓеВо рамките на граѓанската акција “Кажи Македонија”, почнувајќи од 29 март 2004, во почетокот на април во Тетово се организираше собирање на потписи за поддршка на отвореното протестно писмо до Советот на Европа, како и потпишување на картичките и испраќање на истите. Акцијата ја реализираа тетовските граѓански организации Младинска алијанса и Центарот за демократски и економски развој. |  |
|