Работилница на МЦМС

Реинтеграција и ревитализација на подрачјата погодени од конфликтот

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), заедно со германската кон­султантска куќа Факт, на 8 април 2004 година, во Скопје, одржа работилница со наслов “Реинтеграција на ра­се­ле­ните лица и ревитализација на подрачјата погодени од конфликтот во Македонија”.

За тие цели, претходно МЦМС спроведе мисија, во рамките на која беше изготвена студија со констатации за актуелната состојба, идеи и на­со­ки за понатамошни активности. Студијата послужи како основа за дискусијата на работилницата чија содржина беше презентирана пред владините претставници, пред локалната самоуправа, претставниците на амбасадите и меѓународните организации, бизнис-секторот и пред граѓанските организации. “Преку отворени дебати за констатациите, преку дискусија на препораките од сту­ди­јата и преку утврдување насоки за дејствување на релевантните актери, се надевам дека ќе придонесеме кон целосно разрешување на преос­танатите прашања во врска со раселените лица во Македонија, како и кон забрзаната ре­ви­та­лизација на поранешните конфликтни подрачја”, истакна Сашо Клековски, извршен дирекотор на МЦМС.

На работилницата учествуваа претставници на организации и институции над­лежни или вклучени во решавањето на прашањата од областа на реинтеграција и ревитализација на подрачјата погодени од конфликтот - пратеници од по­ра­нешните конфликтни подрачја, министри и експерти од неколку министерства, градо­на­чал­ници од сите општини засегнати од конфликтот, релевантни лица од амбасадите и меѓународните организации, од граѓанските организации и од Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” од Скопје. Работилницата ја отвори и со неа заседаваше Мирко Спироски, претседател на МЦМС, а македонскиот, англискиот и албанскиот беа работните јазици на кои се водеше таа. Д.М.