ВО РЕСЕН
Отворена проектната канцеларија на Паркот Преспа
На шести април во Ресен беше отворена канцеларија за имплементација на првата фаза од проектот Парк Преспа, чија цел е за една година да подготви детална апликација за подолготраен проект што би траел десетина години. Канцеларијата и проектот ги финансира Глобалниот фонд за животна средина - ГЕФ, преку Програмата за развој на ООН - УНДП, Германската банка за реконструкција и развој, КФГ, како и владите на трите држави вклучени во проектот Парк Преспа: Македонија, Грција и Албанија.
Генералната цел на проектот Парк Преспа е одржлив развој на преспанскиот басен, кој треба да донесе подобрување на стандардот на живеење за локалното население, преку заштита на културните и природните вредности, промоција на пријателството и соработката меѓу трите држави и мудро користење на природните ресурси. Прекуграничниот Парк Преспа беше официјално прогласен со Декларација потпишана од страна на премиерите на трите држави, на 2 февруари 2000 година.
М.И.
|