Успешна граѓанска акција во Тетово
“Кажи Македонија” привлече голем број луѓе
Во рамките на граѓанската акција “Кажи Македонија”, почнувајќи од 29 март 2004, во почетокот на април во Тетово се организираше собирање на потписи за поддршка на отвореното протестно писмо до Советот на Европа, како и потпишување на картичките и испраќање на истите. Акцијата ја реализираа тетовските граѓански организации Младинска алијанса и Центарот за демократски и економски развој.
Активностите започнаа со одржување прес-конференција на отворен простор, во центарот на градот, а петтдневното одржување на акцијата, беше отценето како повеќе од успешно, бидејќи одѕивот на граѓаните беше голем. Во акцијата се приклучија скоро сите електронски и пишани медиуми коишто егзистираат на тетовскиот регион, како и голем број странски претставници кои во моментот работат во земјава. Медиумите имаа можност да регистрираат вистинска граѓанска акција на масовно потпишување, особено ако се има предвид дека граѓанската поддршка беше подеднаква од сите етнички групи кои живеат во овој регион.
Д.М.
|