ФИООМ

Награда за најдобар дизајн на книга

Фондацијата Институт отворено општество - Македонија на 24 април, во рамките на Саемот на книгата во Скопје, на свечен начин ја додели нововоспоставената награда за најдобар дизајн на печатена книга за 2003 година. Наградата ја доби издавачот “Евро-Балкан-прес”, за книгата “Балканот: кратка историја од авторот Марк Мазовер”. Изборот го изврши независна жири-комисија, во која членуваа проф. Живко Поповски, Калина Буневска-Исаковска и Беди Ибрахими. Како што изјави професорот Поповски, прет­седател на жири-комисијата, се изби­раше помеѓу триесетина изданија, пристигнати по објавениот јавен конкурс.

Оваа награда има за цел да ги поттикне издавачите да обрнат поголемо внимание на графичките решенија и дизајнот на печа­тените изданија. Таа ќе се доделува еднаш годишно, за изданија помеѓу две саемски манифестации.


… И семинар за музејски менаџмент

Во организација на Програмата за култура и уметност на Фондацијата Институт отворено општество - Македонија, од 19 до 22 април во Охрид се одржа семинар на тема “Музеите во Македонија: во потрага по модерни пристапи и нова публика”. Семинарот се одржа во соработка со Министерството за култура на Република Македонија, а на него учествуваа претставници од 14 национални музејски установи, кои имаа прилика да слушнат предавања од тројца врвни експерти за музејски менеџмент од Русија и еден од Велика Британија.

Сесиите на семинарот опфатија неколку теми: Мисијата на музеите во современиот свет, Предизвици и промени во пазарната економија, Водење грижа за посетителите, Планирање на иднината, Музејски маркетинг и прибирање средства, Односи со публика и застапување на музеите, и други.

М.И.