Два саема на книги во Скопје

Паралелно славење на моќта на книгата 

Над 150 издавачи на книги се претставија во текот на овој април на 16-тиот  Меѓународен  саем на книгата кој се одржа на Скопското сајмиште. 

Беа одржани 50 промоции на најнови изданија на домашни и странски автори, а Саемот го посетуваа  организирано и ученици од различни делови на земјата. Годинава по втор пат беше одржана и акцијата “И јас подарив книга”, при што подарените книги  од различни извори ќе бидат дистрибуирани  на институциите на кои им се неопходни, меѓу кои и на домовите за згрижување на воспитување на децата, казнено-поправните домови, школските библиотеки и др.

Скоро паралелно, и во Театарот на народ­ностите во Скопје се одржа и 3 Саем на книгата “Шкупи 2004” на кој  околу 70 издавачки куќи  од Македонија, од Албанија и од Косово кои објавуваат книги на албански јазик, презентираа околу 4.000 наслови на книги.                 

К.Б.