60-то ЗАСЕДАНИЕ НА КОМИСИЈАТА ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА ОН

Кога политиката и човековите права ќе направат компромиси
 

(Втор дел) 

Шеесеттото јубилејно заседание на Комисијата за човекови права на ОН заврши на 23 април. Ако оваа година ќе си отиде како година на обележување важни годишнини за човековите права во историјата на ОН, тогаш 60-тото заседание дефинитивно нема да е меѓу нив. Големите очекувања и силниот притисок од страна на НВО не успеа да обезбеди ефикасна акција за најголемата загриженост за човековите права со која се соочуваме во моментов во постерата на 11 септември. 

Време е за прославување на некои од најважните достигнувања во историјата на човековите права, како на пример 10-годишнината од основањето на Кан­цела­ријата на Високиот комесар за човекови права и 60-годишнината од првото заседание на Комисијата за човекови права. Но исто така е и настан, каде сево ова е сериозно нарушено, како на пример со тра­гичната смрт на Високиот коме­сар за човекови права Серхио Виеира да Мело минатиот август во Ирак. Годинешното заседание оствари стандардни резултати. За жал, најконтроверзните прашања, како на пример анти-терористичките мерки натежнаа на страната на политичките интереси, наместо на страната на човековите права и го оставија ова јубилејно заседание со прилично лоши историски резултати. Она што следува, е краток преглед на годинешните дебати и заклучоци.

Комисијата назначи Специјални т.н. репор­тери (Раппортеурс) кои ќе ги истра­жуваат проблемите со човековите права во Народна Демократска Република Кореа и во Бело­русија. Беа усвоени и три резолуции со кои се осудуваат нарушувањата на човековите права во окупираните арапски територии, вклучувајќи ја и Палестина. Беше наименуван и еден независен експерт да ја проучува ситуацијата во Авганистан. Меѓутоа резо­луциите за Чеченија, Зимбабве и Кина, каде се известува за некои од најтешките нару­шувања на човековите права во последните години, не беа прифатени. Меѓу тематските ресолуции кои беа усвоени се најдоа и резолуциите за борба против клеветење на религиите, права за развој и глобализација. 

Ова веќе стандардно достигнување на комисијата беше критикувано од страна на водечките НВО кои се обидуваат да влијаат на гласовите на земјите-членки на засе­данието. Адријан - Клод Цолер од швај­царската НВО Женева за човекови права, ја окарактеризира комисијата како “соба на неказнетост”. Ова се однесува на праксата, која во последните години ја применува Комисијата , односно избегнува да “именува и засрамува” одредени земји, рече Цолер. Официјалните лица, меѓутоа се караат за тоа дали дали помошта или осудата ќе го реши проблемот.

Некои позитивни иницијативи сепак потек­наа од јужноамериканските и афри­канските влади, како на пример од Мексико (анти­тероризам), од Бразил (насилство и дискри­минација засновани на сексуалната ори­ентација) и од Африкански Каукус (деца киднапирани во конфликти).

Оваа година невладините организации беа исто така изненадени од посебните безбед­носни мерки кои беа применети во собата за советување. Со нив им беше забранет директен пристап да пленарниот кат и на тој начин беа ограничени во извршување на својата најкруцијална функција во Коми­сијата, т.е. да им пристапат и директно да лобираат кај пратениците. Овие безбедности мерки беа објаснети како пост 11-ти сеп­темвриски технички мерки, а не како попре­чување на главното присуство на НВО на советувањата.

Земјите-членки упатија силна критика на неколку Специјални процедури и на т.н. репортери (Раппортеурс), кои би ги застра­ниле од независноста и бескру­пулозната истрага за нарушувањата на човековите права. Некои НВО, како на пример “Амнестѕ Интернатионал”, искажаа сериозна загри­женост за овој чекор како начин за осла­бување на нивните мандати и пона­тамошен чекор за минимизирање на важноста на Комисијата.

Се на се, со помош на истрајното и неуморното лобирање на НВО за потребата од универзлни стандарди за човековите права за ком­паниите, Комисијата за првпат & ја додели на Канцеларијата на Високиот комесар за човекови права задачата за изгот­вување извештај за постоечките иницијативи и стандарди за одго­ворностите на компаниите по праша­њето за човековите права. Ако не успеа да усвои поконкретни мерки за заштита на човековите права во напорите против тероризмот, тогаш Комисијата одлучи да ја разгледа арбитрарната казна на политичките затвореници во Гватанамо Беј. На­пра­ви уште еден компромис во ко­рист на државните интереси наспро­ти заштитата на човековите права.


Танја Хафнер

Авторката е поранешен Координатор за лобирање и меѓународни владини организации во “Амнестѕ Интернатионал” Словенија. Во моментот е член на персоналот на МЦМС за интернационални и регионални програми.