Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Број 47 Март 2005

   

Милениумски предизвик

Ветувањата на Америка

Пред три години, претседателот на САД, Џорџ В. Буш, ја отвори сметката на Милениумскиот предизвик, со цел да им даде повеќе пари на сиромашните земји кои работат на промовирање развојни политики. Буш рече дека неговата влада ќе донира повеќе милијарди долари во неколку растечки фази сe додека програмата не достигне висина до 5 милијарди долари годишно, почну­вајќи од 2006 г. Иако петте ми­ли­јарди долари се само 0,04 проценти од националниот при­ход на Америка, Буш го на­ме­тна предлогот како “доказ дека тој се грижи за сиро­маш­тијата во Африка и насекаде во светот. “Јас ја носам оваа обврска во ду­ша­та”, рече претседателот.

Веќе трета година по ред, Буш дава многу помалку од она што го вети. Дневникот на Вол­стрит известува дека Белата куќа тивко ги информирала менаџерите на Сметката на миле­ниумскиот предизвик да очекуваат околу 3 милијарди долари од следниот буџет. Ова има една надолна тенденција. Имено, Буш рече дека ќе побара од Конгресот 1,7 ми­ли­јарди долари во 2004 г.; тој побара 3 милијарди долари, а доби само 1 милијарда. Рече дека ќе побара 3 милијарди долари во 2005 го­дина. Тој побара 2,5 милијарди, а доби 1,5 милијарда. Па така, ако се водиме од минатото, Републиканскиот конгрес ќе ја намали уште повеќе и така редуцираната ветена сума за 2006 година.

Ништо од ова се чини не ја засега администрацијата на Буш која продолжува да праќа свои високорангирани службеници кои ја про­мовираат “анемичната” сметка на Миле­ни­у­мскиот предизвик кај сиромашните нации во светот. Програмата – но не парите; бидејќи од сметката допрва треба да се исплаќа, таа котира високо на листата на дневниот ред на службениците во кабинетот, како на пример, високиот трговски прет­ставник на САД, Роберт Цолик, кој ја посети Африка во декември и постојано ја потенцираше програмата. Во разговорите со јужноамериканските амбасадори овој месец во Вашингтон, потсекретарот во Министерството за финансии, Џон Тејлор, ја оцени програмата како “главен начин на кој работиме со земјите за да одговориме на предизвиците на зголемениот раст на продуктивноста”.

Одговорните лица за Сметката на милениумскиот предизвик бр­зо можат да ги набројат земјите кои преку добро владеење се квалификувале за програмата за помош. Но, не се толку брзи кога треба да ги набројат земјите кои не добиле ниту цент - велат, нема такви. Сепак, Пол Еплгарт, генерален директор на корпорацијата Милениумски предизвик, нe увери минатата недела дека програмата на Буш “навистина се движи со неверојатна брзи­на”.

Можеби администрацијата треба да им го каже тоа на 300-те милиони Африканци кои немаат здрава вода за пиење, или пак на 3-те илјади деца од Африка на возраст под 5 години кои секојдневно умираат од маларија, или пак на една од 16-те жени во Африка кои умираат при породувањето. Или можеби на 6-те илјади Африканци кои секојдневно умираат од СИДА. Но, почекајте! Можеби претседателот планира да се справи со катастрофалните последици од СИДА-та во Африка преку неговиот предлог за 2003 г. за зголемување на фондовите за СИДА за 10 милијарди долари во текот на наредните пет години? Јасно е дека не треба, освен ако нема намера одлучно да “пре­сече” бидејќи од Белата куќа се очекува да побара од Конгресот само 1,6 милијарди долари повеќе за следната година.

Кога таа сума ќе ја додадеме на сметката на фондот за СИДА кој “порасна” во 2004 и 2005 г., ќе останат нешто повеќе од 6 милијарди долари коишто ќе треба да се “извлечат” од Конгресот во наредните две години за да се исполни заветот на Буш. Кон­гресот и Буш ќе укажат на растечкиот дефицит и ќе речат дека ги немаат пари­те. Но, сe е прашање на из­бор. Тие избраа да по­тро­шат милијарди долари за цели како намалување на данокот на богатите или вој­ната во Ирак. Па така, наместо тоа, можат да изберат и да ги потрошат ис­тите за да го одржат ветувањето на Америка.

 

(Herald Tribune, February 2005)
 

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Деминирањето во Босна и Херцеговина (2)
Не заборавајте на мините
ПОГЛЕДИ: Марина Туневска-Јовановска
Приказните-точка каде што се среќаваат медиумите и граѓанските здруженија

Ако здруженијата на граѓани ја сфатат и прифатат својата улога на креатори на јавното мислење со помош на медиумите, тогаш тие се на половина пат до загарантираниот успех. А, за да се придобијат медиумите во остварувањето на таквата намера, потребно е да се научи да се комуницира со “нивниот јазик”.
ИНТЕРВЈУ: Методија Саздовски и Мартин Мартиноски членови на Работната група за позеленување на изборите
“Гласај за природата” - нов импулс во изборните процеси
Локалните избори во земјава беа одбележани и со кампањата „“Гласај за природата” на Работната група за позеленување на изборите. По завршувањето на првиот изборен круг, како го оценувате обидот да ги анимирате кандидатите во трката за локалната власт, но и граѓаните за одговорноста што ја носат и двете страни кон животната средина?
Црвениот крст на општина Чаир во посета на Танушевци
Помошта пристигна заедно со пролетта
На 40 километри одда­ле­ченост од Скопје, на границата со Ко­со­во и надморска ви­­со­­чина од 1.600 метри се наоѓа селото Танушевци. Тоа сега брои триесет семејства. Петнаесетина сe уште не се вратени во своите родни ог­ниш­­та, откако се иселиле на Ко­сово по случувањата од вое­ни­от конфликт во 2001 година во Македонија. Во дале­ч­на­та 1984 година за прв пат е доне­сена струја во селото, а патот е направен година пред тоа. И сега кога има големи не­времиња селото останува без струја. Веднаш до Тану­шев­ци се селата Брест и Ма­ли­но. Во сите три села живее албанско население.
Милениумски предизвик
Ветувањата на Америка
Пред три години, претседателот на САД, Џорџ В. Буш, ја отвори сметката на Милениумскиот предизвик, со цел да им даде повеќе пари на сиромашните земји кои работат на промовирање развојни политики. Буш рече дека неговата влада ќе донира повеќе милијарди долари во неколку растечки фази сe додека програмата не достигне висина до 5 милијарди долари годишно, почну­вајќи од 2006 г. Иако петте ми­ли­јарди долари се само 0,04 проценти од националниот при­ход на Америка, Буш го на­ме­тна предлогот како “доказ дека тој се грижи за сиро­маш­тијата во Африка и насекаде во светот. “Јас ја носам оваа обврска во ду­ша­та”, рече претседателот.
 

©MCMS - designed by KOMA