Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Број 47 Март 2005

   

Црвениот крст на општина Чаир во посета на Танушевци

Помошта пристигна заедно со пролетта

На 40 километри одда­ле­ченост од Скопје, на границата со Ко­со­во и надморска ви­­со­­чина од 1.600 метри се наоѓа селото Танушевци. Тоа сега брои триесет семејства. Петнаесетина сe уште не се вратени во своите родни ог­ниш­­та, откако се иселиле на Ко­сово по случувањата од вое­ни­от конфликт во 2001 година во Македонија. Во дале­ч­на­та 1984 година за прв пат е доне­сена струја во селото, а патот е направен година пред тоа. И сега кога има големи не­времиња селото останува без струја. Веднаш до Тану­шев­ци се селата Брест и Ма­ли­но. Во сите три села живее албанско население. До Тану­шев­ци се стигнува преку оп­шти­­ната Чаир, населбата и селото Ради­шани, патот води преку селото Побожје, викенд-населбата Бродец и мес­но­ста Рамно. Два часа  се па­тува до таму и тоа до половина по асфалтиран пат, а од половина по земјен, по кој се слеваат води од топе­ње­то на снегот. Наместа од снежните намети и во овој период од годината, кога температурите се значително по­ви­соки, висината на снегот достигнува и преку еден ме­тар. Тоа само потсетува дека зимава од обилните снежни врнежи патот бил непрооден, а селаните отсечени од глав­ниот град и воопшто од цивилизацијата. Со доаѓањето на пролетта, која ја навестуваат по некое кокиче и темјанушка странично никнати од карпите покрај патот, и живот на овие луѓе добива нова смисла. Патувањето до Танушевци се одвива низ живописна при­ро­да, која ни со зборови не може да се долови, зошто по­ус­пешно тоа може да го направи сликарска четка на уметник. Или подобро да се види во живо, зошто само та­ка ќе се почувствува све­жи­на­та на воздухот и сосема раз­лич­ниот воздушен притисок од оној во урбаното Скопје. Пре­т­ежно шумски предели се простираат и од едната и од другата страна на патот, по кој мештаните велат дури и зимно време кога нема снег, не е пријатно да се врви дури и со автомобил, бидејќи жите­ли на овие шуми не се само волци и диви свињи, туку и меч­ки. На месноста Рамно ре­чи­си постојано дува ветер, ве­лат и лете и зиме, само што се разбира зимно време неговата силина е поголема. Пату­вај­ќи до Танушевци може да се забележи и веднаш да се заклучи дека природата го обдарила тој дел од Скопска Црна Гора со вода. Патникот до таму нема да остане жеден, а вистинско освежување се ладните чешми кај Бродец и пред Рамно. Веднаш по оваа месност се забележува и првата војничка караула, од ко­ја отпоздравуваат војниците на АРМ. По неа следува онаа во Танушевци. Патувајќи со комбе на Општинската организација на Црвениот крст Чаир, во мисија на делење  хуманитарна помош за семеј­ство­то на Џемаил Јакупи, наставник по историја и гео­гра­фија во Основното учи­лиш­те “Миахил Грамен” во селото Танушевци, започ­ну­ва и нашата приказна. По сред­бата со него во селското училиште, во кое учат 74 деца од прво до осмо одделение се упатуваме кон неговиот дом. До него води селски пат, обележан со дрвена огра­да од левата и десната стрна, покрај кои повторно се нао­ѓа­ат куќи на неговите роднини и соселани. Општиот впечаток е дека селото и куќата на Џемаил се наоѓа на највисоката точка, а наоколу селскиот амбиент го красат прекрасните планински предели. Во дворот покрај старата куќа, се наоѓа новата со две соп­чи­ња. Едната одаја за гости или како вели тој мисафири, а другата е кујна. Во дворот има чешма од селскиот водовод и токму тука е приклучена машината за перење алишта. Во близина на неколкуте високи карпи што ги создала при­родата, неговата сопруга Џеврија, под вршник го под­го­т­вуваше специјалитетот за гости “флија” или познатото “тури-потпечи”.   

“Од другата страна над учи­лиш­тето, каде што се гледа македонското знаме, е караулата Танушевци. Кај др­во­ред­от над мојата куќа е всушност македонско-косовската грани­ца. Луѓето од УМНИК ги знаат селаните и ги пропуштаат да поминат од едната и другата стра­на. Тука и се прави раз­мена на стока, а најчесто од Косово доаѓаат девојки да се мажат за наши момчиња. И моја­та сопруга е од таму. Со неа имам четири деца на возраст од пет до десет години. Две девојчиња и две момчи­ња. Петтото зимава се роди мртво. На трети февруари сопругата имаше тешко породување, без асистенција на лекар. Две жени кои имале ис­куство со раѓање на дете и помагаа, но сето тоа заврши кобно. По породувањето и се влоши здравјето, а поради зимските услови лекар не мо­же­ше да дојде”, ја започна својата приказна Џемаил Ја­ку­пи.

За ова тешко породување би­ле информирани и луѓето од општинската организација на Црвениот крст во Чаир. Тие се обиделе да стапат во контакт со АРМ, од каде побарале со хелихоптер да се оди до Танушевци и со лекарски тим да се спасат и родилката и бе­бе­то. Но, поради лошите зим­ски услови и силниот ве­тер, кој носел снежни наме­ти, експертите процениле де­ка ниту ова не е изводливо. Па­тувањето до таму со хелихоптер им било одговорено може да завр­ши кобно по целиот екипаж. Токму затоа, во првата прилика кога временските услови се подобрија, Црвениот крст го посети ова семејство. На четирите малолетни деца и мајката со кревко здравје, им додели по­мош составена од памперс-пелени, шпил­хозни, беби-пакети, јакни, ќебиња, машки костими, кратки чизмички, шушкавци и јак­ни. Тие меѓусебно ќе ги поде­лат, а ќе има  и за помалите де­­­ца од нивните блиски родни­ни.

“Ваква помош им е потребна ре­чиси на сите во Танушевци”, вели Муса Јакупи, директор на Централното основно учи­лиш­те “Миахил Грамен”. “Ова е си­ро­машно село, сите се не­вр­а­бо­­тени, а некои од селаните при­­маат и социјална помош. Најтежок период за нас беа 2001, 2002 и 2003 година. Петнаесет семејства сe уште се раселени на Косово и че­­каат да се подобрат условите и да се вратат во родните ку­ки. Многумина по конфликтот останаа речиси голи, со изгорени куќи. Оние што имаа една вреќа брашно ја делеа со другите за да замесат леб и да ги нахранат децата. Помагаа и хуманитарните организации со најразлични проекти, за да се врати животот во Танушевци”, додава Ја­купи.

“Луѓето од Црвениот крст долго не можеа да влезат во селото. Навистина имаше и волја и желба да им се помогне. Така беше и зимава кога дадовме сe од себе да се на­прави невозможното и да и се помогне на родилката. Ќе добиевме и хелихоптер и ќе дојдевме до куќата на Џемаил, но времето не ни дозволи и се случи трагедија. Но, Цр­ве­ниот крст е често присутен тука, а ќе има и многу други проекти, по повод го­ди­нашниов значаен јубилеј, 60 години од постоењето на Македонскиот Црвен крст”. вели Благица Цениќ, секретар на Опш­ти­н­ска­та организација во Чаир.

А, на жителите од Танушевци навистина им треба секаква помош. Од едукативна до материјална. Многу од новородените деца сe уште не се запишани во матичните книги на родените и не­ма­ат изводи на родени.

“И не само новоредените, туку и децата кои ќе дојдат да се запишат во училиште ги примаме без изводи, па нас­тануваат  проблеми по за­­вршувањето на основното училиште, бидејќи и то­гаш без изводи не мо­жеме да им издадеме свидетелства за да се запи­шат во средните учи­лиш­та. Па, поминува време додека ги добиеме податоците од нивните родители. Оние, пак, кои ќе се запишат во некое средно учи­лиште во Скопје, се снаоѓаат за престој кај блиски роднини во Арачиново. Голем дел и од возрасните немаат лични карти или сe уште немаат државјанство. Немањето лич­ни исправи е причина за неможноста да остварат право на социјална помош и право на здравствена заш­тита, иако исполнуваат услови за тоа. Има еден дел од нив што го продолжуваат образованието на некои од факултетите, и тоа најчесто на педагогија и економија”, вели директорот Муса Јакупи.

Жителите на Танушевци претежно се занимаваат со производство на компири, а оваа градинарска култура велат не можат да ја пласираат на пазарот. Скапо ги чини транспортот до пазар, а откупната цена на ли­це место им е само 6 денари за килограм. Но и покрај тоа ни­кој не им ги откупува евтините компири, а и нај­го­лем дел од мина­то­годиш­ниот род ќе бидат фрлени. Во амбарите на Џе­ма­ил сe уште стојат цели пет тони. Тој вели дека освен двете крави и производството на компири, кое е речиси глав­но занимање на сите селани, дру­го нема што да се работи. “Овците ги снема по воениот конфликт, а би може­ло навистина добро да се развие ов­чар­ство­то и кра­вар­ство­то”, додава тој.

Според него и директорот на учи­лиш­тето, Владата во перспектива би ­требало да раз­мислува за отво­ра­ње земјоделска задруга во селото. Тие сметаат дека би можеле да се одгледуваат овци и крави, а млекото да се пре­работува во млечни производи во по­гон што би се отворил во селото. “Само така ќе се реши вработувањето на сите невработени селани. Дури и волната од овците е суровина за отворање на некој друг по­гон во кој би се развила и текстилната индустрија. Само така селаните нема да чекаат од државата. Ова поднебје е погодно и за производство на шипки, капинки, дренки. Има­ше дури и заинтересирани од Шведска за реализирање проект за производство на јагоди под фолија. Тие сакаа да инвестираат во семе и оранжерии. И тоа беше идеја која остана не­реализирана”, коментираат тие.

По сите случувања што оставиле последици врз жителите на Тану­шев­ци, во ова село сe уште само се прават обиди животот да се нормализира. Села­ните имаат и идеи и волја да работат, но велат некој треба сето тоа добро да го осмисли и да им помогне.

 

 

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Деминирањето во Босна и Херцеговина (2)
Не заборавајте на мините
ПОГЛЕДИ: Марина Туневска-Јовановска
Приказните-точка каде што се среќаваат медиумите и граѓанските здруженија

Ако здруженијата на граѓани ја сфатат и прифатат својата улога на креатори на јавното мислење со помош на медиумите, тогаш тие се на половина пат до загарантираниот успех. А, за да се придобијат медиумите во остварувањето на таквата намера, потребно е да се научи да се комуницира со “нивниот јазик”.
ИНТЕРВЈУ: Методија Саздовски и Мартин Мартиноски членови на Работната група за позеленување на изборите
“Гласај за природата” - нов импулс во изборните процеси
Локалните избори во земјава беа одбележани и со кампањата „“Гласај за природата” на Работната група за позеленување на изборите. По завршувањето на првиот изборен круг, како го оценувате обидот да ги анимирате кандидатите во трката за локалната власт, но и граѓаните за одговорноста што ја носат и двете страни кон животната средина?
Црвениот крст на општина Чаир во посета на Танушевци
Помошта пристигна заедно со пролетта
На 40 километри одда­ле­ченост од Скопје, на границата со Ко­со­во и надморска ви­­со­­чина од 1.600 метри се наоѓа селото Танушевци. Тоа сега брои триесет семејства. Петнаесетина сe уште не се вратени во своите родни ог­ниш­­та, откако се иселиле на Ко­сово по случувањата од вое­ни­от конфликт во 2001 година во Македонија. Во дале­ч­на­та 1984 година за прв пат е доне­сена струја во селото, а патот е направен година пред тоа. И сега кога има големи не­времиња селото останува без струја. Веднаш до Тану­шев­ци се селата Брест и Ма­ли­но. Во сите три села живее албанско население.
Милениумски предизвик
Ветувањата на Америка
Пред три години, претседателот на САД, Џорџ В. Буш, ја отвори сметката на Милениумскиот предизвик, со цел да им даде повеќе пари на сиромашните земји кои работат на промовирање развојни политики. Буш рече дека неговата влада ќе донира повеќе милијарди долари во неколку растечки фази сe додека програмата не достигне висина до 5 милијарди долари годишно, почну­вајќи од 2006 г. Иако петте ми­ли­јарди долари се само 0,04 проценти од националниот при­ход на Америка, Буш го на­ме­тна предлогот како “доказ дека тој се грижи за сиро­маш­тијата во Африка и насекаде во светот. “Јас ја носам оваа обврска во ду­ша­та”, рече претседателот.
 

©MCMS - designed by KOMA