Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Број 47 Март 2005

   

Деминирањето во Босна и Херцеговина (2)

Не заборавајте на мините

Организациите се оспособувааат да работат во локална заедница
Акците за предупредување на ризик од мини во Босна и Херцеговина почнале да се изведуваат непосредно по војната. Тоа се сметало за ургентна потреба бидејќи бројот на настрадани бил голем во по­во­е­ни­те години. Големиот број организации, во најголем дел меѓу­на­род­­ни, зависно од  областа на своите се занимавале со преду­пре­ду­ва­ње на  населението на ризиците од мини. Поголемиот број ак­тив­нос­ти се одвиваа во облик на кампања со посредство на мас ме­диумите. Најмногу внимание им е посветувано на децата. Свесноста за мините (Мине Ањаренесс) се вклучувала и во школските програми во вон наставните активности.

Било потребно да се развијат дополнителни капацитети оспо­собени  да ги развиваат активностите на предупредување на ризикот од ми­ни и да го развиваат  во правец за кој биле дадени назнаки во стра­те­гијата на ОН, во политиката на ОН и во стратегијата на УНИЦЕФ - ло­кал­ната заедница да  биде во фокусот на активностите а исто­вре­ме­но МРЕ да се инте­гри­ра со оста­на­тите про­тив­мин­ски акции. Тоа поврзување ово­змо­жи­ло да се  мултиплицираат ефектите за ак­тив­­ностите на редуцирање на ми­ни и нивното општествено  еко­ном­ско влијание, било да станува збор за заедницата, оштината, кан­тонот, ентитетот  или за државата во целост. При тоа, не ја напу­шта­в­ме ни досегашната практика, ни проектите што беа водени. Тие про­екти пред се беа насочени кон деца­та како загрозена популација. 

МРЕ програмот се сметал за најразвиен и се нарекувал Мине Ањаренесс (МА)  и се изведувал во училиштата низ целосна настава или во наставните  активности. Слично се обидувало да се направи и низ планинарските друштва, организациите на младите, извид­ни­ците и сличните организациии.

Меѓутоа, и покрај тоа информирање по пат на мас медиумите тре­ба­ло да се развие и третата компонента, компоненета која е поврзана за локалната заедница, со чие што развивање, доаѓа до решавање на проблемот на поврзување на организациите МРЕ, нивното  делу­ва­ње во локалната заедница, начинот како, и преку кого да остварат врска во неа, и што е најважно, како да се врши проценка на потре­би­те и квалитетот што таа заедница ги има, како и проценката на ризикот што ја погодува  таа заедница.   Сега многу повеќе вни­ма­ние е посветено на тимската работа, на практичните вежби за оспо­со­бување на идните инструктури  да работат во една заедница - да можат да создадат предуслови таа заедница да ги искаже сво­и­те по­треби и да создаде една микроструктура која ќе биде во сос­тој­ба по­доцна да се занимава со проблемот на мините и да ги изразува своите потреби кон владата, државата или донаторите.

Подрачја што треба да се одбегнуваат
Напуштените и разрушените куќи или згради, приватните имоти, шумите   овош­тар­ниците, „стратешките и воените подрачја, необработените и  зараснатите подрачја, „ознаките на минските полиња”. Поголемиот број на минските полиња во Босна и Херцеговна не е одбележан.

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Деминирањето во Босна и Херцеговина (2)
Не заборавајте на мините
ПОГЛЕДИ: Марина Туневска-Јовановска
Приказните-точка каде што се среќаваат медиумите и граѓанските здруженија

Ако здруженијата на граѓани ја сфатат и прифатат својата улога на креатори на јавното мислење со помош на медиумите, тогаш тие се на половина пат до загарантираниот успех. А, за да се придобијат медиумите во остварувањето на таквата намера, потребно е да се научи да се комуницира со “нивниот јазик”.
ИНТЕРВЈУ: Методија Саздовски и Мартин Мартиноски членови на Работната група за позеленување на изборите
“Гласај за природата” - нов импулс во изборните процеси
Локалните избори во земјава беа одбележани и со кампањата „“Гласај за природата” на Работната група за позеленување на изборите. По завршувањето на првиот изборен круг, како го оценувате обидот да ги анимирате кандидатите во трката за локалната власт, но и граѓаните за одговорноста што ја носат и двете страни кон животната средина?
Црвениот крст на општина Чаир во посета на Танушевци
Помошта пристигна заедно со пролетта
На 40 километри одда­ле­ченост од Скопје, на границата со Ко­со­во и надморска ви­­со­­чина од 1.600 метри се наоѓа селото Танушевци. Тоа сега брои триесет семејства. Петнаесетина сe уште не се вратени во своите родни ог­ниш­­та, откако се иселиле на Ко­сово по случувањата од вое­ни­от конфликт во 2001 година во Македонија. Во дале­ч­на­та 1984 година за прв пат е доне­сена струја во селото, а патот е направен година пред тоа. И сега кога има големи не­времиња селото останува без струја. Веднаш до Тану­шев­ци се селата Брест и Ма­ли­но. Во сите три села живее албанско население.
Милениумски предизвик
Ветувањата на Америка
Пред три години, претседателот на САД, Џорџ В. Буш, ја отвори сметката на Милениумскиот предизвик, со цел да им даде повеќе пари на сиромашните земји кои работат на промовирање развојни политики. Буш рече дека неговата влада ќе донира повеќе милијарди долари во неколку растечки фази сe додека програмата не достигне висина до 5 милијарди долари годишно, почну­вајќи од 2006 г. Иако петте ми­ли­јарди долари се само 0,04 проценти од националниот при­ход на Америка, Буш го на­ме­тна предлогот како “доказ дека тој се грижи за сиро­маш­тијата во Африка и насекаде во светот. “Јас ја носам оваа обврска во ду­ша­та”, рече претседателот.
 

©MCMS - designed by KOMA