| ОТВОРЕН КЛУБ ЗА ХЕНДИКЕПИРАНИ И ИНВАЛИДИЗИРАНИ ЛИЦА ВО ДЕБАР
Место за 300 хендикепирани лица
 Околу 300 хендикепирани и инвалидизирани лица од Дебар и околината ќе можат да го посетуваат Клубот за хендикепирани и да се дружат меѓу себе На 31 јануари 2001 година во Дебар, на свечен начин, беше отворен Клубот за хендикепирани и инвалидизирани лица. Поддршка за спроведување на проектот, освен МЦМС, дадоа и "Хендикеп интернационал", "Оксфам" и УНХЦР. Најголемиот товар во спроведувањето на овој проект го сносија активистите на Хуманитарното и добротворно здружение на Ромите "Месечина", огранок во Дебар. |  |
|