|
ONLINE VERSION |
|
PRINT VERSION |
|
БАЛКАНСКА АСОЦИЈАЦИЈА ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА - БЕНА
Соработка на научно и стручно нивоБЕНА е кратенка за Балканската асоцијација за животна средина која беше покрената како грчка иницијатива и формирана во 1998 година во Солун. Во неа членуваат научни работници и стручни лица кои работат на различни области поврзани со животната средина. |  |
БАЛКАНСКА АСОЦИЈАЦИЈА ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО И СОРАБОТКА
Пријателство без границиБалканската асоцијација за пријателство и соработка е здружение кое има цел да го развива пријателството, добрососедството и меѓусебната соработка на луѓето од регионот. Мото на оваа асоцијација, со седиште во Битола, е „пријателство и соработка без граници”, а за остварување на своите цели спроведува проекти, организира семинари и тркалезни маси, форуми и медиумски презентации. |  |
РЕГИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА МИР И ПОМИРУВАЊЕ
Соработка на различните религииОд 21 до 23 февруари, Македонскиот центер за меѓународна соработка беше домаќин на Регионална конференција на мрежата за мир и помирување, организирана од Конференцијата на европските цркви. |  |
|
|
|
| ОТВОРЕН КЛУБ ЗА ХЕНДИКЕПИРАНИ И ИНВАЛИДИЗИРАНИ ЛИЦА ВО ДЕБАР
Место за 300 хендикепирани лица
 Околу 300 хендикепирани и инвалидизирани лица од Дебар и околината ќе можат да го посетуваат Клубот за хендикепирани и да се дружат меѓу себе На 31 јануари 2001 година во Дебар, на свечен начин, беше отворен Клубот за хендикепирани и инвалидизирани лица. Поддршка за спроведување на проектот, освен МЦМС, дадоа и "Хендикеп интернационал", "Оксфам" и УНХЦР. Најголемиот товар во спроведувањето на овој проект го сносија активистите на Хуманитарното и добротворно здружение на Ромите "Месечина", огранок во Дебар. |  |
|
|
|