|
ONLINE VERSION |
|
PRINT VERSION |
|
ФОРУМ НА МЛАДИ НОВИНАРИ
Кампања против новиот Закон за информирањеФорумот на младите новинари е здружение на граѓани кое постои околу една година, а кое веќе стана познато во јавноста, пред се` иницирајќи ја и водејќи ја акцијата против новиот законски проект за јавно информирање. Ова здружение, кое своите членови ги регрутира на две основи – професионална и старосна (до 35-годишна возраст), ја покрена кампањата во која се приклучија и повеќето медиуми во земјава, печатени и електронски.
|  |
УСТАНОВА ЗА ПРОМОЦИЈА НА КУЛТУРАТА - ОХО
Прирачници за глобалните еколошки проблемиВеќе три години во нашата држава, а две во Косово, Установата за промоција на културата ОХО го спроведува проектот под наслов „Немаме резервна планета”, кој се работи на три нивоа: едукација на наставници и професионалци кои работат со деца, подобрување на наставниот процес во основните училишта и детските градинки и кампања за растење на јавната свест за животната средина. Една од компонентите на овој проект е издавањето на прирачници, сликовници, боенки, календари, а во тек се подготовките за изработка на ТВ-спотови. |  |
|
|
|
| ОТВОРЕН КЛУБ ЗА ХЕНДИКЕПИРАНИ И ИНВАЛИДИЗИРАНИ ЛИЦА ВО ДЕБАР
Место за 300 хендикепирани лица
 Околу 300 хендикепирани и инвалидизирани лица од Дебар и околината ќе можат да го посетуваат Клубот за хендикепирани и да се дружат меѓу себе На 31 јануари 2001 година во Дебар, на свечен начин, беше отворен Клубот за хендикепирани и инвалидизирани лица. Поддршка за спроведување на проектот, освен МЦМС, дадоа и "Хендикеп интернационал", "Оксфам" и УНХЦР. Најголемиот товар во спроведувањето на овој проект го сносија активистите на Хуманитарното и добротворно здружение на Ромите "Месечина", огранок во Дебар. |  |
|
|
|