Фондација на Албанците за стипендии
Стипендии за талентирани студенти Албанци
Фондацијата на Албанците за стипендии (Фондациони Схљиптар и Бурсаве) е регистрирана во 2004 година, од основачот Милениум рилиф & Дивелопмент сервисис Македонија (Милленниум Релиеф & Девелопмент Сервицес – Мацедониа) www.mrds-macedonia.org, но нејзините активности се започнати уште во 2003 година, кога една мала група Албанци се собраа да дискутираат за потребата од поддршка на високото образование на Албанците во Македонија.
Издаваштвото во граѓанските организации
Граѓанскиот сектор е издавач достоен за почит
Во време кога во земјава многу често се говори за состојбата со издавачката дејност, за потребата од збогатување на нашето секојдневие со печатени материјали од различен вид и содржина во контекст на следење на цивилизациските текови и изданијата зад кои стојат граѓанските организации претставуваат значаен материјал што го привлекува вниманието на јавноста.
Коментар
Конечно усвоена стратегијата за соработка на владата со граѓанскиот сектор
После година дена работа, работилници, консултации и други активности на Одделението за соработка со невладините организации во Владата, технички помогнато од проектот на ЕАР „Техничка поддршка на Одделението за граѓанско општество во Владата” и спроведуван од конзорциумот ЦОЊИ и МЦМС, беше донесена Стратегијата за соработка на владата со граѓанскиот сектор
Шест години “Граѓански свет”
Приближување на концептот и суштината на граѓанското општество
Пред точно шест години, поточно во февруари 2001 година, излезе првиот број на „Граѓански свет”, по пилот-бројот, кој како „пробен балон” беше издаден еден месец порано, во јануари. Списанието сите овие шест години излегува непрекинато, со 11 броја годишно.
Како ќе се одразат последните даночни измени на работењето на граѓанските организации
ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК НА ДОХОД
Во овој број читајте за измените на Законот за персонален данок на доход, кој како што ќе забележите, подеднакво ги третира граѓанските организации со другите субјекти.
Концепти
ПОЗНАВАЊЕ И СТАВОВИ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ
Истражувањето за довербата, одговорноста за општествените прашања и добротворството во Македонија го адресираше и познавањето и ставовите за конкретни граѓански организации и личности од граѓанскиот сектор.
Погледи
Очи широко отворени (2)
И, повторно за свеста, умот, потсвеста, но ќе се обидам заеднички да ја допреме суштината на живеењето. Колку за потсетување: на часовите по биологија уште во основно училиште ќе Ве научат дека живите организами се поделени на растителен и животински свет, и човекот.
СП маркет стана достапен и за граѓаните со оштетен слух
Јазикот на глувите лица ги премостува бариерите
Секојдневната меѓу­себна комуникација на граѓаните на Скоп­је неопходна за за­вршување на навидум најба­налните обврски, како што е пазарењето во маркетите, и за глувите лица веќе не претставува голем проблем. И оваа група граѓани, бла­годарение на обучените ше­фови и нивните заменици кои секојдневно работат во четирите СП маркети, единаесетте дисконти Макси Д, вклучувајќи го и Центарот за убавина Уник (Униљуе) во центарот на градот, за прв пат од втората половина на минатата година имаат можност да бидат услужени на својот гестовен јазик.
Кампања на ЕСЕ
Прибирање средства за поддршка на работата на центрите за правна помош во Скопје, во Тетово и во Штип
Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на РМ –ЕСЕ, во своите развојни активности, стратешки е определено да работи на обезбедување алтернативни извори на средства, кои треба да придонесат кон градење поволни околности за одржливост на организацијата во иднина. Дел од активностите со мошне интензивна динамика се одвиваат за време на кампањата за борба против насилство врз жените, започната на 20 ноември, 2006 год.
Билјана Бејкова, проектен менаџер во НВО Инфоцентар
Успешните односи со јавноста градат позитивна репутација
Мотото на НВО Инфоцентар е „Станете видливи и влијателни”. Како би го образложиле мотото и улогата на НВО Инфоцентар во рамките на граѓанскиот сектор?
Избор
Немирна вода!
Заврши Регионалниот проект за Дунав (РПД), иницијатива на УНДП-ГЕФ вредна 17 милиони долари. Филип Велер, извршен секретар на Меѓународната комисија за заштита на реката Дунав (МКЗРД), зборуваше за идните предизвици на ова речно подрачје.