Избор
Немирна вода!
Заврши Регионалниот проект за Дунав (РПД), иницијатива на УНДП-ГЕФ вредна 17 милиони долари. Филип Велер, извршен секретар на Меѓународната комисија за заштита на реката Дунав (МКЗРД), зборуваше за идните предизвици на ова речно подрачје.
Дали резултатите од проектот Дунав (ДРП) ги задоволија вашите очекувања? Многу добри нешта се случија во околината на Дунав, но с$ уште не сме ја достигнале точката на неповратна позитивна промена. Чувствувам дека инвестициите од УНДП-ГЕФ (Програмата за развој на Обединетите нации – Глобална помош за животната средина) беа успешни. Имаше огромно подобрување во физичката средина, а што е уште поважно, во способноста на регионот да се справи со прашањата, да се соочи со механизмите на соработка и да ги зајакне истите. Секако, ИЦДПР не би била толку силна институција каква што е денес без ДРП. Заминувањето на ГЕФ не е лоша работа, бидејќи со тој чекор, одговорностите повторно се враќаат на државите. Во секој случај, поголемиот дел од финансиите за активностите што беа преземени беа од самите дунавски земји, додека парите од ГЕФ служеа како катализатор, кој помогна да се случи промената.
Конечниот успех на овие активности беше мобилизацијата на заедничко разбирање на потребата за промена, за спремноста и волјата за промена и за каталитичко дејствување. Средствата од ГЕФ помогнаа во катализата и ги зајакнаа институциите и способноста на луѓето да ги прават оние работи за кои е јасно дека се способни да ги направат.
Што ќе треба подунавските земји да направат во иднина? Ќе треба да се донесат одлуки за намалување на загадувањето. Ќе треба да инвестираат, како компаниите, така и владите. Ќе треба да се мобилизираат ресурси за изградба на отпадни станици во оние области каде тие не се достапни, или да се сменат политиките и акциите во поглед на земјоделството, а со цел помало загадување. Владите ќе треба да проверат дали проектите за навигација и изградба на централи ја земаат предвид заштитата на животната средина и дали неопходните инвестиции, како што се протоци за риби или слични компоненти, ќе бидат инкорпорирани во истите.
Најверојатно, ќе биде потребна и одредена надворешна помош за некои проекти во некои потсливови во подолниот тек на Дунав, како на пример кај реката Прут, Делта Дунав или сливот на реката Сава.
Она што сега ќе го изјавам (за владите во регионот) е дека лесната работа останува зад нас. Според Рамковната директива за води на ЕУ, анализиравме што треба да се случи во иднина, какви инвестиции треба да се направат и какви акции да се преземат. Се надевам дека тие се подеднакво ентузијасти и доволно посветени на инвестирање средства и дејствување во моменти кога тоа нема да биде најпопуларно.
Колку ќе чини сето тоа? Се уште се обидуваме да ги прецизираме неопходните трошоци, но јасно е дека се потребни милијарди евра за целиот басен на реката Дунав. Но, секако, не е с$ во парите. Промената на политиките можеби не чини многу, но е тешко остварлива. Владите ќе треба да го сменат начинот на размислување кај луѓето, нивниот начин на однесување и начините на кои се преземаат одредени акции. Ќе биде потребна примена на нов, поинаков пристап во областите како што се земјделството, користењето на концентрирани лесно разградливи детергенти во градовите, како и менаџирање на отпадните води.
Како би ги оцениле напорите на РЕЦ за учество на јавноста и грантовите за граѓанското општество? Не постои друга организација која поседува капацитети во сите земји како РЕЦ. Компонентата „учество на јавноста”, раководена од страна на РЕЦ, произведе неколку одлични примери на национално ниво. Пилот-активностите, создадените производи и користените модели, беа извонредно корисни. Се случија голем број иновативни и интересни нешта со помош на мали грантови, управувани од страна на РЕЦ, но не сум сигурен дали и како би можеле да ги оцениме. Секако, постои потреба од постоечката експертиза, меѓутоа РЕЦ, онака како што беше оригинално замислен, се чини дека повеќе не е потребен во Централна и Источна Европа. Потребата од РЕЦ во почетниот процес на транзиција во централна и источна Европа беше огромна, особено во поглед на мобилизацијата на ресурси и канализирање на истите, особено во граѓанските групи, како и во поглед на помагање одредени луѓе во владата. Таа улога сега се смени. Сега повеќе не го гледам РЕЦ како советодавна институција. Важен е фактот што РЕЦ има јасна претстава за својата улога и на тој начин другите ГО или владините институции ќе знаат како да го искористат она што јасно претставува широка мрежа на експертиза.
|