Фондација на Албанците за стипендии
Стипендии за талентирани студенти Албанци
Фондацијата на Албанците за стипендии (Фондациони Схљиптар и Бурсаве) е регистрирана во 2004 година, од основачот Милениум рилиф & Дивелопмент сервисис Македонија (Милленниум Релиеф & Девелопмент Сервицес – Мацедониа) www.mrds-macedonia.org, но нејзините активности се започнати уште во 2003 година, кога една мала група Албанци се собраа да дискутираат за потребата од поддршка на високото образование на Албанците во Македонија.
Целта на Фондацијата на Албанците за стипендии е да го поддржат развојот на квалификуваните професионалци Албанци во Македонија. Со давањето стипендии, тие инвестираат кај талентираните студенти Албанци кои студираат во значајни области, но с$ уште дефицитарни, лица кои подоцна ќе придонесат за заедницата, за народот и за нивната земја. Во програмата на Фондацијата се наведува дека нејзината главна цел е подигање на свеста за зголемување на нивото на образованието кај Албанците во Македонија; доделување стипендии само за високото образование и само за кандидати од Република Македонија, како и собирање фондови од населението, институциите и други лица од земјава и надвор од неа.
Во академската година 2004/2005 Фондацијата успеа да обезбеди седум стипендии за талентирани студенти од областа на медицината, биохемијата, физиката, математиката, администрацијата и бизнисот, информатиката и правото.
Иако ова е мал број на доделени стипендии, ова беше успех за првата година од нејзиното основање.
Во академската 2005/2006 година, 237 апликанти конкурираа за 30 универзитетски стипендии. Инаку, студентите добитници на стипендии, освен на универзитети во Македонија, може да студираат и во универзитети надвор од државата.Исто така, во академската 2006/2007 година беа доделени и 4 стипендии за постдипломски студии и во доменот на медицината, уметноста и картографијата. Кандидатите за стипендии се оценуваат врз основа на три критериуми: да студираат на дефицитарни области, значајни за развојот на Албанците во Македонија; успехот во студиите и финансиската потреба. Успехот на студентите не се оценува само врз основа на оценките, тој се оценува и врз основа на придонесот на кандидатите во општеството и врз основа на амбициите кои ги имаат. Финансиската потреба е значајна, но не толку како дефицитарните области и постигнатиот успех.
Фондацијата на Албанците за стипендии се задржува на развојот на квалификуваните професионалци, а не во помагањето на лицата кои имаат финансиска потреба. Фондацијата целата своја финансиска работа ја врши исклучиво преку нејзините жиро-сметки. Транспарентноста е клучниот елемент на работата на оваа Фондација. Стив Лид (претседател на Управниот одбор), Исмаил Кадаре (член на Генералното собрание) и Абдурауф Пруси (претседавач на Генералното собрание на ФАС) се едни од многубројните истакнати членови на ФАС од академски, научен, уметнички и општествен карактер.
Г.Ш.
|