Кампања на ЕСЕ

Прибирање средства за поддршка на работата на центрите за правна помош во Скопје, во Тетово и во Штип

Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на РМ –ЕСЕ, во своите развојни активности, стратешки е определено да работи на обезбедување алтернативни извори на средства, кои треба да придонесат кон градење поволни околности за одржливост на организацијата во иднина. Дел од активностите со мошне интензивна динамика се одвиваат за време на кампањата за борба против насилство врз жените, започната на 20 ноември, 2006 год. Паралелно со тие активности е започната и кампања за прибирање средства за поддршка на работата на  центрите за правна помош во Скопје, во Тетово и во Штип на ЕСЕ, што нудат правна и психосоцијална  помош и поддршка, како и бесплатното застапување пред судовите на жените жртви на семејно насилство.

По потпишаниот договор, ставена е во функционија телефонската линија 070/143-183 од Т-мобиле,  која ќе биде отворена една година и на која со јавување се донираат 100 ден. Поставени се кутии за донации во 15 објекти на Скопски пазар (СП, Макси Д, и Центарот за убавина Униљуе). Информациите се инкорпорирани во дизајнот на  изработениот постер и леток, а бесплатно е емитуван и ТВ-спот на  МТВ, на македонскиот и на албанскиот сервис.

ЕСЕ за своите соработници подготви и писмо за донации, кое покрај благодарноста за досегашната соработка, претставува повик за донирање.  Писмото е подготвено во 400 примероци на македонски и 100 примероци на англиски јазик.

ЕСЕ информира и дека од оваа година започна да ја користи статутарната можност, дадена во членот 32 од Статутот на Здружението, според кое за членовите на Генералното собрание е воведена членарина од 500 ден. 

“Првичните резултати покажуваат дека луѓето сакаат да даруваат за оние на кои им е потребна помош. ЕСЕ изразува огромна благодарност до сите кои помагаат во нивната работа” - се вели во обраќањето од организацијата. 

К.Б

Заедничка акција на СОЖМ и УНХЦР

Средства од Василичарскиот коктел за Психијатриската болница–Негорци

Националниот совет на  жените на Македонија–СОЖМ, заедно со УНХЦР, на 14 јануари во Психијатриската болница  Негорци, Гевгелија,  го организираа традиционалниот хуманитарен  Василичарски коктел и ги анимираа хуманите граѓани и институции да донират средства за потребите на болницата. Во оваа прилика на болните им беа донирани пакети со чаршафи, пижами и друг вид облека.

Средтсва во висина од 53.000,00 денари за болницата во Негорци организаторите собираа и на  одржаниот хуманитарен Божиќно-новогодишен базар на 20 и 21 декември 2006 година.

Акцијата за прибирање средства ќе трае цела година, а паричните средства ќе може да се уплаќат на отворените жиро-сметки:

Денарска жиро-сметка – 300000000841802;

Девизна жиро-сметка - 300000000000 -133 25730522-20677;

Даночен број 4030994269870;

Комерцијална банка А.Д. – Скопје,

со назнака за ЈЗУ Психијатриска болница – Негорци.

К.Б.