Мировен протестен марш
Разбуди се Скопје!Со повикот „Доста е! Ги повикуваме граѓаните на градот Скопје да се РАЗБУДАТ од лошиот сон и да ги истераат убијците од нашите редови!”, на територијата на општината Чаир, на 24 мај 2006, се одржа протестен мировен марш. На протестот се придружија неколку илјади граѓани кои минувајќи ја патеката на маршот од паркот до Бит-пазар, својот револт го изразуваа со слоганите „Стоп на оружјето” и „Стоп на насилството”. |