ФИООМ И ОБСЕ
Потребите за информирање на локално ниво
Начините преку кои граѓаните ги добиваат информациите за нивните локални заедници; видот, квантитетот, квалитетот и редовноста на таквите информации; каков е интересот за нив од страна на локалното население, преку кои медиумите би сакале да ги добиваат информациите; каква е способноста на локалните заедници финансиски да ги поддржат локалните медиуми – се прашањата што беа тема на истражувањето „Потребите на граѓаните за информирање на локално ниво”. Истражувањето финансиски го поддржаа Фондацијата Институт отворено општество - Македонија и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, а го спроведе канцеларијата на БРИМА ГАЛУП, во декември 2005 година. Тоа беше спроведено во Дебар, во Крива Паланка, во Македонски Брод, во Демир Хисар, во Берово, во Крушево, во Делчево, во Кочани, во Виница, во Кратово, во Пробиштип, во Ресен, во Валандово, во Свети Николе и во Неготино.
Резултатите од истражувањето беа јавно презентирани во март, годинава
|
|