На третиот базар на ракотворби и креативни занаети
Ракотворците ја покажаа својата креативност
МАТА (Македонска артисанска трговска организација) и Единицата за координација со проектот “Развој на општините и културата” при Министерството за култура, од 18 до 21 мај во Скопје го организираа Третиот пролетен базар на ракотворби и креативни занаети. Посетителите имаа можност на едно место (во хотелот Арка) да видат и да купат дел од богатиот избор на производи изработени од 60 македонски ракотворци и занаетчиски здруженија, а ракотворците си обезбедија и соодветен приход.
На базарот беа презентирани:традиционални и современи македонски ракотворби: керамика, филигрански накит, прекривки за маси и спални соби, бакарни производи, рачно изработени лампи, производи од стакло, честитки, модни додатоци, дрвени производи, рачно сликани марами и др., а пред посетителите настапија вокално-инструменталниот состав “Тоска” и КУД “Бајрам Шабани”.
|