|
ONLINE VERSION |
|
PRINT VERSION |
|
СПЕЦИЈАЛНА ОЛИМПИЈАДА
Да победам, или да бидам храбар обидувајќи се
На 17 декември минатата година, во Скопје се одржа основачкото собрание на Специјалната олимпијада, која сега веќе е регистрирана како здружение на граѓани. Ова здружение е основано од група ентузијасти, кои имаат за цел да помогнат во интеграцијата на лицата со интелектуална попреченост во општествениот живот. Својата цел тие ќе се трудат да ја постигнат преку спортско ангажирање на овие лица.
- Мисијата на Специјалната олимпијада е да се обезбедат услови за интеграција и ресоцијализација на лицата со ментален хендикеп. Специјалната олимпијада претставува фондација, иницирана од познатото американско семејство Кенеди. Ја креира Џозеф Кенеди, по инспирацијата на Јунис Кенеди. Во светот тоа е мошне респектирана институција, поддржана и промовирана од многу јавни личности. Големите ѕвезди, како Стинг, Џон Бон Џови и други, за Божиќ подготвуваат ЦД чиј приход се донира во оваа фондација. Нешто слично се обидуваме да направиме и тука - наш член е г. Иво Јанковски од продукцијата „Трето уво“ кој прави обиди да ја реализира оваа идеја, а разговаравме и со Авалон продукција, која ни даде поддршка. Се надеваме дека ќе имаме вакво ЦД напролет. Имаме поддршка и од бизнис-секторот: од Сискон, а преговараме и со Телеком, Мобимак, Кометал, Скопската пиварница. МТВ и А1 ни дадоа целосна медиумска поддршка. Исто така, имаме голема поддршка од претседателот на Македонија, г. Борис Трајковски и г-ѓа Флорија Љатифи од неговиот Кабинет, а се обративме и до Министерството за млади и спорт. Соработуваме и со Светската банка, УСАИД, ФИООМ и други домашни организации, меѓу кои и здружението “Порака”, вели г. Огнен Стаматоски, директор на Специјалната олимпијада - Македонија.
|
 „Да победам. Но доколку не можам, да бидам храбар во обидот.“ Мотото на Специјалната олимпијада
| Иако сe уште не беше формално регистрирано здружението, г. Стаматовски и неговите соработници спроведоа неколку активности во текот на минатата година: една пинг-понг екипа составена од деца учествуваше на Балканското првенство на Специјалната олимпијада во Бања Лука, а во април 2002-та, македонската фудбалска екипа го освои третото место на Специјалната олимпијада на три континенти, што се одржа во Атина. Се подготвува учество на годинешниве Олимписки игри, од 20 до 29 јуни, каде Специјалната олимпијада - Македонија ќе има неколку свои натпреварувачки екипи.
- Овие успеси, но и самото учество е голем стимул за лицата со ментален хендикеп. За нас е најважно да ги мотивираме и децата и родителите, да ги привлечеме и оние кои не се во институциите. За жал, многу од нив се повлечени и речиси “скриени”, а ние сакаме да ги охрабриме, да ги вклучиме во општествените текови. Истовремено, важно е да се делува на јавноста за нивно што пошироко прифаќање и да се надминуваат предрасудите - вели г. Стаматоски.
М. Иванова
|
|
|
|
Демократија и човекови права |
СПЕЦИЈАЛНА ОЛИМПИЈАДА
Да победам, или да бидам храбар обидувајќи сеНа 17 декември минатата година, во Скопје се одржа основачкото собрание на Специјалната олимпијада, која сега веќе е регистрирана како здружение на граѓани. Ова здружение е основано од група ентузијасти, кои имаат за цел да помогнат во интеграцијата на лицата со интелектуална попреченост во општествениот живот. Својата цел тие ќе се трудат да ја постигнат преку спортско ангажирање на овие лица. |  |
| „Пријатели на Македонија“
Регионален камп за демократија - општина Зелен ГрадГраѓанската организација „Пријатели на Македонија“, по втор пат, го организира „Регионалниот камп за демократија - општина Зелен Град“, кој се одржа во средношколскиот интернат „Боро Менков“ во Крива Паланка од 13 до 22 јануари 2003 година. Целта на кампот беше преку едукативен интерактивен процес на симулација да се стекнат знаења за функционирањето на локалната заедница. |  |
|
ЕВРОПСКА КОМИСИЈА
Информативни точки…Делегацијата на Европската комисија во Република Македонија, во рамките на својата Информативна работна програма, започна процес на отворање на информативни точки на ЕУ во рамките на постојните општински центри за информирање на граѓаните. |  |
ЗДРУЖЕНИЕ НА ТУРЦИТЕ „ЧЕЛЕБИЈА“
Битола, бабам Битола
 Во рамките на проектот Битола, бабам Битола, што го спроведува Здружението на Турците „Челебија“ од Битола, на 24 јануари годинава, во овој град се одржа трибина на тема „Културните вредности на Битола“, на која воведничари беа г. Ѓунер Исмаил и г. Иван Додовски. |  |
| ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА
Средби меѓу граѓаните и пратениците од ИЕ 1Во општината Кисела Вода почна да работи Канцеларија за комуникација меѓу граѓаните и парламентарците кои беа кандидати во изборната единица 1 – г. Зоран Шапуриќ, г. Игор Ивановски, г-ѓа Каролина Ристова и г-ѓа Благородна Мингова-Крепиева. |  |
|
|
|