МЕѓУНАРОДЕН ИНСТИТУТ ЗА МИР
Стипендии за истражувачи за меѓународен мир
Меѓународниот институт за мир на Соеди­нетите Држави објави конкурс за избор на истражувачи во Програмата Џенингс Ран­долф за меѓународен мир. Секоја година преку оваа програма се доделуваат 12-15 сти­пендии на научници и практичари од раз­лични професии, вклучувајќи стручњаци од колеџи и од факултети, новинари, дипло­мати, пи­сатели, професори, воени лица, меѓу­народни преговарачи, про­фесио­налци во НВО и адвокати.
УЛАНБАТОР, МОНГОЛИЈА
Меѓународен граѓански форум
На 14 и 15 овој месец, во главниот град на Монголија, Уланбатор, се одржува Меѓу­народен форум на граѓанското општество посветен на три клучни прашања: демо­кратија, граѓанско општество и добро вла­деење. Форумот следува како препорака од Меѓу­народната конференција за новите или возобновените демократии, што се одржа во 1997 година во Букурешт, а во пресрет на годинешнава конференција, која следува веднаш по него - од 18 до 20 овој месец, исто така во Уланбатор.
СВЕТСКА БАНКА
Гана, шри Ланка и Азербејџан донесоа стратегии за сиромаштијата
Неодамна Гана, Шри Ланка и Азербејџан донесоа национални стратегии за нама­лување на сиромаштијата. Со тоа, досега 28 држави донесоа вакви документи. Доне­сувањето на националните стратегии е обврска за сите презадолжени сиромашни држави опфатени со Иницијативата за намалување на задолженоста, која Свет­ската банка ја спроведува со Меѓу­народната асоци­јација за развој - ИДА.
ПАЦ
Интернет конференција за сиромаштијата
Организацијата за анализа на сиро­маштијата - ПАЦ, во рамките на Свет­ската банка, ја организира својата трета Интернет-конференција, која трае до 16 овој месец. На оваа виртуелна кон­ференција се дискутира за Нацио­налните стратешки документи за редук­ција на сиромаштијата и за Ева­луа­цијата за влијанието на сиромаштијата. Целта е да се утврдат вистинските механизми кои ќе доведат до нама­лувањето на сиро­маштијата во светот.
ХУМАНИТАРЕН ПРАВЕН ЦЕНТАР
Да продолжи истрагата за масакрот во Индонезија!
Хуманитарниот правен центар го повика Националниот комитет за човекови права на Индонезија да ја продолжи истрагата за масакрот што се случи во Индонезија во далечната 1965 година. Масакрот го из­вршија трупите на генералот Сухарто и во него беа убиени скоро еден милион цивили, уапсени и беа малтретирани околу 200.000 негови политички опоненти, а многу лица беа сосема изолирани од општествениот живот. Овој масакр и криминал против човештвото се смета еден од најголемите ѕверства на 20 век.