УЛАНБАТОР, МОНГОЛИЈА
Меѓународен граѓански форум
На 14 и 15 овој месец, во главниот град на Монголија, Уланбатор, се одржува Меѓународен форум на граѓанското општество посветен на три клучни прашања: демократија, граѓанско општество и добро владеење. Форумот следува како препорака од Меѓународната конференција за новите или возобновените демократии, што се одржа во 1997 година во Букурешт, а во пресрет на годинешнава конференција, која следува веднаш по него - од 18 до 20 овој месец, исто така во Уланбатор.
Целта е да се обезбеди систематско учество на актерите на граѓанското општество во градењето на демократиите, мирот, безбедноста, човековиот развој и доброто владеење.
М.И.
|