МЕѓУНАРОДЕН ИНСТИТУТ ЗА МИР
Стипендии за истражувачи за меѓународен мир
Меѓународниот институт за мир на Соединетите Држави објави конкурс за избор на истражувачи во Програмата Џенингс Рандолф за меѓународен мир. Секоја година преку оваа програма се доделуваат 12-15 стипендии на научници и практичари од различни професии, вклучувајќи стручњаци од колеџи и од факултети, новинари, дипломати, писатели, професори, воени лица, меѓународни преговарачи, професионалци во НВО и адвокати. Институтот финансира проекти кои се однесуваат на превентивна дипломатија, етнички и регионални конфликти, одржување на мирот и мировни операции, воспоставување мир, демократизација и владеење на правото, меѓукултурни преговори, ненасилни социјални движења, надворешната политика на САД во 21 век и слични теми.
Стипендијата изнесува до 80.000 долари и вклучува патување во Вашингтон, здравствено осигурување, канцеларија со компјутер и ангажман како истражувач за половина работно време. Можат да аплицираат граѓани од сите националности. Посебно се охрабруваат да аплицираат жените и малцинствата. Повеќе информации можат да се најдат на www.usip.org Г.Ш.
|