ПАЦ
Интернет конференција за сиромаштијата
Организацијата за анализа на сиромаштијата - ПАЦ, во рамките на Светската банка, ја организира својата трета Интернет-конференција, која трае до 16 овој месец. На оваа виртуелна конференција се дискутира за Националните стратешки документи за редукција на сиромаштијата и за Евалуацијата за влијанието на сиромаштијата. Целта е да се утврдат вистинските механизми кои ќе доведат до намалувањето на сиромаштијата во светот.
Секој кој сака да земе учество во оваа меѓународна Интернет-конференција, тоа може да го стори пристапувајќи на веб-страницата www.worldbank.org/devforum/foum_pac.html.
М.И.
|