Романија
Комисија за холокаустот
Претседателот на Романија, Илиеску, фор­мира Комисија за испитување на после­диците од холокаустот во оваа држава. Претседател на комисијата е нобеловецот Ели Визел, роден во Романија, а во неа членуваат историчари и други научници од Израел, САД, Германија, Франција и Романија.
БУГАРИЈА
Акциски план за ромското малцинство
Бугарската влада донесе Акциски план за ромското малцинство, што е всушност план за имплементација на Рамковната програма за интеграција на Ромите во бугарското оп­штество за периодот до декември 2004 година.
БАЛКАН
Регионална соработка меѓу црковните и нецрковните граѓански организации
На Форумот на Светскиот црковен совет (WCC) - Екуменско партнерство на југоисточна Европа (SEEEP) кој се одржа од 17 до 20 ноември во Боровец, Бугарија, се собраа повеќе од 25 претставници од црквите и од црковните и нецрковните организации, да разговараат за досегашните достигнувања и идните активности на SEEEP.
ВО ТУРЦИЈА И ГРЦИЈА
Загрижувачки бран на антисемитизам

Последните настани кои се насочени кон евреј­ските заедници во Грција и Турција упатуваат на загрижувачкиот бран на анти­семитизам во овие држави.
БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА
Босна ги отфрла заразените лица од ХИВ/СИДА
Во својот последен извештај „Балкан крајзис“ објави дека ХИВ/СИДАта станува се’ поголем проблем во регионот, поради неуспехот на владите да и пристапат на соодветен начин. Босна и Хер­цеговина досега беше единствената земја во регионот, со официјално мал број регис­трирани случаи - 56 заразени лица.
ЈАДРАНСКО МОРЕ
Меѓу развојот и експлотацијата
Во ноември, Владата на Хрватска го усвои проектот за изградба на пристаниште на островот Крк за извоз на руска нафта, наречен Дружба - Адрија.