БУГАРИЈА
Акциски план за ромското малцинство
Бугарската влада донесе Акциски план за ромското малцинство, што е всушност план за имплементација на Рамковната програма за интеграција на Ромите во бугарското општество за периодот до декември 2004 година.
Во европските кругови овој план е позитивно оценет, прв од таков вид досега, заедно со неодамна донесениот акт против дискриминацијата кој го изгласа бугарскиот парламент.
Акцискиот план е поддржан од над 75 ромски организации од Бугарија. Ромското малцинство во Бугарија, како што е проценето од меѓународните организации за човекови права, е едно од најдискриминираните ромски заедници на Балканот (покрај тоа во Романија).
М.И.
|