БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА

Босна ги отфрла заразените лица од ХИВ/СИДА


Во својот последен извештај „Балкан крајзис“ објави дека ХИВ/СИДАта станува се’ поголем проблем во регионот, поради неуспехот на владите да и пристапат на соодветен начин. Босна и Хер­цеговина досега беше единствената земја во регионот, со официјално мал број регис­трирани случаи - 56 заразени лица.

Меѓутоа, експертите предупредуваат дека таа бројка не ја дава реалната слика за вистинската ситуација во регионот. Најголемиот проблем во одре­дувањето на вистинската ситуација, е недос­татокот на координација помеѓу владините институции кои се поделени на државно ниво. Дури минатата година, двете национални ХИВ/СИДА орга­низации , од Муслиманско-хрватската феде­рација и Република Српска, се собраа и ги усогласија податоците за целата земја.

Голем проблем претставува и владиното запоставување, незнаење но и предрасудите кои и помагаат на заразата ХИВ. Се верува дека таа се шири меѓу  зголемениот број интравенозни корисници на дрога и меѓу проститутките. Голем проблем е што најголемиот број луѓе се колебаат или одбиваат да се тестираат, бидејќи тестирањето не е ниту бесплатно, ниту пак доверливо.            

 Г.Ш.