Романија
Комисија за холокаустот
Претседателот на Романија, Илиеску, формира Комисија за испитување на последиците од холокаустот во оваа држава. Претседател на комисијата е нобеловецот Ели Визел, роден во Романија, а во неа членуваат историчари и други научници од Израел, САД, Германија, Франција и Романија.
Илиеску изјави дека формирањето на оваа комисија е дел од напорите за борба против ксенофобијата и антисемитизмот и за промоција на толеранцијата во Романија.
Инаку, последните истражувања на јавното мислење во Романија покажуваат дека кај најголемиот дел од населението постои тенденција кон екстремизмот и нетолеранцијата базирани главно на етничка основа.
М.И.
|
|